Koleva Masevska, Maja and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2025) Сметководствено евидентирање и анализа на трошоците во производство. Годишен зборник, Економски факултет, 17 (27). ISSN 1857-7628
Сметководствено евидентирање и анализа на трошоците во производство.pdf
Download (2MB)
Abstract
Овој труд има за цел детално да ја истражи сметководствената евиденција и
анализата на трошоците во производствените компании, со посебен осврт на процесот на
производство. Целта е да се прикаже значењето на прецизното водење на сметководствените
податоци и нивната улога во управувањето со производствените ресурси и донесувањето на
економски одлуки.
Во рамките на трудот се разгледуваат видовите трошоци што се јавуваат во производствениот
процес, нивната класификација според природата, местото на настанување и нивната функција, како
и начинот на нивно сметководствено евидентирање. Посебно внимание е посветено на влијанието
што трошоците го имаат врз цената на чинење на производот, како и врз профитабилноста на
претпријатието.
Преку практична анализа и табеларен приказ, се прикажува структурата и распределбата на
трошоците во производствениот процес. На тој начин се нагласува значењето на точната и навремена
сметководствена евиденција за рационално користење на ресурсите, зголемување на продуктивноста
и подобрување на управувањето.
Добиените резултати укажуваат дека правилната распределба и анализа на трошоците
претставуваат клучен фактор за постигнување поголема економска ефикасност, поуспешна контрола
на производствениот процес и зголемена конкурентност на пазарот. Ваквиот пристап овозможува
подобро планирање на производството, оптимизирање на трошоците и зголемување на вкупната
деловна успешност на компанијата.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
| Divisions: | Faculty of Economics |
| Depositing User: | Olivera Trajkovska |
| Date Deposited: | 15 Dec 2025 08:34 |
| Last Modified: | 15 Dec 2025 08:34 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37051 |
