Функционална дијагноза на рбетен столб

Krstev, Toshe (2024) Функционална дијагноза на рбетен столб. In: Функционална дијагностика на рбетен столб, 14 Dec 2024, Skopje.

[thumbnail of ФДЛМА рбетен столб.pdf] Text
ФДЛМА рбетен столб.pdf

Download (2MB)

Abstract

Диференцијалната дијагноза при болки во грбот често
претставува тешка задача со оглед на широкиот спектар
на можни причини кои мора да се земат во предвид.
Термините како што се „Цервикален синдром“ или
„Лумбален синдром“ се двосмислени бидејќи тие не ја
идентификуваат ниту локацијата, а ниту пак природата на
проблемот. Откако ќе се земе анамнезата, на секој преглед на 'рбетот
треба да му претходи општ физички преглед. Ова е потребно за да може правилно проценат оние
промени во 'рбетот што предизвикува промени на други
места во телото како што се екстремитетите и мускулите.
Испитувањето започнува со инспекција. Се набљудува општото
држење на телото, положбата на рамената и карлицата,
вертикално порамнување на 'рбетот (секое отстапување од
вертикалата) и профилот на грбот (кифотичен или лордотичен
деформитет, или отсуство на физиолошка кифоза и/или
лордоза). Палпацијата може да открие промени во мускулниот тонус како
што се контрактури и миогелози или места со променета
чувствителност. Активната и пасивната подвижност на 'рбетот, најпрвин се оценуваат
како целина, а потоа се оценува мобилноста на одделните сегменти. Кај пациенти кои се јавуваат со вертебрален синдром, првиот чекор е
да се идентификува локацијата и природата на нарушувањето. Воспаление и тешки дегенеративни промени обично вклучуваат
карактеристична клиничка слика со соодветни радиографски и
лабораториски наоди. Само радиографски и лабораториски наоди ретко можат да дадат
конечна дијагноза кај овие нарушувања на 'рбетот. За ова се потребни дијагностички техники кои се фокусираат на
евалуација на функцијата.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tose Krstev
Date Deposited: 10 Dec 2025 10:17
Last Modified: 10 Dec 2025 10:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37002

Actions (login required)

View Item
View Item