Улогата на акушерката во превенција и третман на постпартална хеморагија

Buklisheva, Sanja and Kamceva, Gordana (2025) Улогата на акушерката во превенција и третман на постпартална хеморагија. In: XXI-ви Симпозиум со регионално учество: Сестринството во фокусот – од невидливи до неопходни - партнери во здравствените реформи, 16-18 Oct 2025, Ohrid, RN Macedonia.

[thumbnail of Trud vo zbornik.pdf] Text
Trud vo zbornik.pdf

Download (10MB)

Abstract

Вовед. Постпарталната хеморагија (ППХ) е водечка причина за мајчински морбидитет и
морталитет, претставувајќи сериозен глобален предизвик и во развиените и во земјите
во развој. Најчесто настанува поради атонија на матката, но значајни етиолошки фактори
се и ретинална плацента, повреди на породилниот канал и коагулопатии. Според
Светската здравствена организација, активниот менаџмент на третата фаза од
породувањето е најефикасна превентивна мерка, со потенцијал да го намали ризикот за
ППХ за повеќе од 60%. Во овој контекст, улогата на акушерката е суштинска бидејќи таа
е првата што го препознава крварењето и веднаш иницира интервенции.
Цел. Да се прикаже значењето на акушерката во превенцијата на ППХ преку анализа на
клиничките податоци и практики на Универзитетската клиника за гинекологија и
акушерство во Скопје, како и преку споредба со меѓународните протоколи.
Методологија. Истражувањето е спроведено во 2024 година и опфати анализа на 22
случаи со ППХ. Користени се архивски медицински податоци, со примена на аналитички
и дескриптивен метод, статистичка обработка и графичка презентација. Податоците се
споредени со релевантни извори на СЗО, FIGO и со современа научна литература.
Резултати. Од вкупно 22 случаи, 11 беа по спонтано породување, 7 по царски рез и 4
завршија со хистеректомија. Атонијата на матката беше најчеста причина кај спонтаните
породувања, каде што во повеќето случаи се применуваше вагинална тампонада. Кај
царските резови доминираше placenta previa, често придружена со потреба од тампонада
на матката и вагината. Најтешките случаи беа поврзани со PAS синдром и ruptura uteri,
каде што беше неопходна субтотална или тотална хистеректомија, со крвозагуба до 5
литри. Во сите случаи акушерките имаа клучна улога во следење на виталните параметри,
администрирање на утеротоници, обезбедување венски пристап и поддршка во
ресусцитацијата.
Заклучоци. ППХ останува сериозен акушерски предизвик, но навремената интервенција
од страна на акушерката претставува клучен фактор за спасување на животот на
родилката. Резултатите потврдуваат дека континуираната едукација, симулациските
обуки и стандардизираните протоколи се основа за подобрување на исходите.
Акушерката не само што е првата што го препознава крварењето, туку и носител на
превентивниот пристап во секојдневната клиничка пракса.
Клучни зборови: постпартална хеморагија, акушерка, превенција, атонија на матката,
утеротоници, placenta previa, хистеректомија

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 24 Nov 2025 09:48
Last Modified: 24 Nov 2025 09:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36915

Actions (login required)

View Item
View Item