Kozinkova, Vesna (2023) Трансферот на културата во рамната земја. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 57 (5). pp. 681-686. ISSN 2545-4439X
Трансферот на културата во рамната земја.pdf
Download (276kB)
Abstract
По завршувањето на Втората светска војна се случи најголемиот егздус кој го има доживеано македонскиот народ, а чии последици се чувствуваат и ден денес. Безброј македонски семејства под присила и закана беа принудени своите животни патеки да ги продолжат на други места, места кои во нивниот ментален код треба да претставува нивниот нов дом. Загубата на татковината и домот станува реалност за Егејците. Како што потврдуваат историските записи, насила протераните својот живот го продолжуваат распослани по целиот свет. Еден дел од нив, животот го продолжуваат во другиот, слободниот дел на Македонија, кој тогаш беше составен дел на СФРЈ. Други, пак, се однесени во Војводина, во селата од каде што по ослободувањето се иселени Германците. Загубата на татковината човек го претвора во странец. Секогаш битисувајќи на друго место, прави странецот да не припаѓа никаде. Загубената татковина во неговата ментална свест станува идеално место, место од соништата по кое постојано се копнее и тагува и место кое се претвора во посакуван модел на живеење. Започнува најмачниот, најдолгиот процес на нивно повторно вкоренување, процес на вселување на нова територија, усвојување на нова култура, а тој процес е долг. Започнува процесот на нивната акултурација. Трансферот на културните вредности и приемот на новите во новата средина кај бегалците резултура со враќање кон изворната култура на предците и живот во два паралелни света: стариот и новиот. Овој труд го следи тој процес врз примери од романи кои ја следат сагата за прогонството. Во воведот трудот го проследува историскиот фон на настаните кои го предизвикаа егзодусот, но и последиците кои произлегоа од него. Во текот на истражувањето се става акцент на допирот на бегалците со туѓото и непознатото. Така тие стануваат луѓе со лажна адреса. Едната во нивната ментална свест, во нивното доживување и битисување, а другата реална, фактичка, таа на која ќе треба да го продолжат својот на половина прекинат животен континуитет. Процесот на акултурација за егејските Македонци се покажа како неуспешен. И покрај сите нивни напори старото да го трансферираат во новото и така новото да го афирмираат како блиско и познато, ветерот на дедовците е потсетникот дека рамната земја не е нивната прадедова земја. Во неа ги нема вековните огништа кои се постојан потсетник дека некој тука бил пред нас исто како и што и ние сме биле пред некој. Во нивниот ментален код се случува реактивирање на изворната култура како одговор на стресот предизвикан од акултурацијата со еден обратен процес каков што е анакултурацијата. Во основа тоа не е ништо друго освен деасимилација и сочувување на културните и етничките вредности од заборавот.
Клучни зборови: култура, прогонство, дом, татковиna
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Vesna Kozinkova |
| Date Deposited: | 19 Nov 2025 07:55 |
| Last Modified: | 19 Nov 2025 07:55 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36809 |
