Kozinkova, Vesna (2023) Структуралистичкиот метод во наставата по литература. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 61 (5). pp. 917-922. ISSN 2545-4439
Структуралистичкиот метод во наставата по литература.pdf
Download (286kB)
Abstract
Структуралистичкиот метод во книжевната теорија се афирмира во шеесеттите години на 19 век. Неговата појава е резултат на повеќе книжевни и лингвистички истражувања кои започнаа со објавувањето на знаменитата книга на таткото на современата лингвистика Фердинанд де Сосир „Курс по општа лингвистика“. Во неа е потенцирана знаковната природа на јазикот при што секој знак има свој означител (звучната страна) и означено (поимот или значењето), нагласувајќи дека врската меѓу нив е произволна и се темели на историските и културните конвенции. Важни за појавата на структурализмот се и истражувањата на руските формалисти. Според нив, основна задача на книжевно-теориските проучувања треба да биде формата на уметничките дела и прашањето за нивното настанување. Затоа предмет на нивниот интерес е „книжевната постапка“ т.е. начинот на кој авторот со помош на јазикот го обликува уметничкото дело. Тој јазик, сметаат формалистите, не упатува само на она што е кажано со него, туку и на сопствената структура. Оттука Јакобсон го воведува поимот литерарност, како збир на постапки кои ја одделуваат книжевноста од останатата литература. Посебно важен за етаблирањето на формалистичкиот метод во литературата е Владимир Проп, кој со својата „Морфологија на бајките“ понуди структурен модел со кој можат да се опишат сите сказни. Структурализмот, во основа претставува обид лингвистичката теорија на Сосир и истражувањата на формалистите да се применат во повеќе научни дисциплини: антропологијата, психолофијата, социологијата и во науката за книжевноста т.е. теоријата на книжевноста. Современата настава бара и совремни и различни приоди кон уметничкиот текст. Таа без резерва треба да ги следи сите достигнувања во рамките на теоријата на книжевноста кои се однесуваат на толкувањето на уметничките дела. Токму затоа и методиката на наставата по книжевност има важна задача. Како синтетичка наука која обединува истражувања од повеќе научни дисциплини, таа треба да ги изнајде најсоодветните начини и методи литературата да се доближи до учениците. Од голема важност е наставната методологија која треба да утврди кои научни методи се најсоодвени во наставата по литература и истите да ги трансформира во наставни методи. Со други зборови научната методологија да се замени со наставна. Предмет на интерес на овој труд е да покаже како структуралистичкиот научен метод може да стане наставен т.е. оперативен и како тој да им помогне на учениците во анализата на уметнички текст. Како апликативен материјал е романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски разработен според моделот кој го понуди Ролан Барт.
Клучни зборови: настава, структурализам, значење, јазик, книжевност
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Vesna Kozinkova |
| Date Deposited: | 18 Nov 2025 08:54 |
| Last Modified: | 18 Nov 2025 08:54 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36808 |
