Истражување и стратегиска определба за воведување на континуирана технологија за експлоатација на лапорци во рудникот „Усје" при групација Титан Цементарница „Усје“ АД - Скопје (развојно истражувачки проект со кофинансирање)

Panov, Zoran (2007) Истражување и стратегиска определба за воведување на континуирана технологија за експлоатација на лапорци во рудникот „Усје" при групација Титан Цементарница „Усје“ АД - Скопје (развојно истражувачки проект со кофинансирање). [Project]

[thumbnail of Elaborat_RI_Titan_Rezime_Panov.pdf]
Preview
Text
Elaborat_RI_Titan_Rezime_Panov.pdf

Download (102kB) | Preview
Official URL: http://www.usje.com.mk

Abstract

Рудникот “Усје“ денес се наоѓа во активна експлоатација на производство на цементен лапорец - основа за производсво на цемент. Експлоатацијата е со циклична механизација - риперување со булдозер, награнување и туркање на материјалот со булдозер, гравитациски транспорт до основна етажа, товарање со лодер или багер кашикар, транспорт од основна етажа до приемент пункт со камиони - кипери.
Предлог тема на овој проект е промена на овој систем на експлоатација од постојниот цикличен во нов континуиран систем со роторен багер (или багер ведришар), транспортер и транспортна лента.

Според, современите сознанија ова промена би била во тренд со најновите и најсовремени трендови во рударството како наука. Континуираниот систем на експлоатација би дал подобро дробење на материјалот, хомогенизација, намалување на транспортните трошоци, намалување на запрашувањето и загадувањето врз околината итн.

Истражувањето ќе помогне во донесувањето на стратегиска определба за воведување на континуирна технологија за експлоатација на лапорци во рудникот “Усје“ при ТИТАН Цементарница АД Скопје. Оваа одлука стратешки ќе го смени развојот на рудникот “Усје“ а со тоа и развојот на Цементарницата од аспект на вклучување на најсовремените правци во развојот на рударството, заштитата на животната средина и воопшто развојот на инженерството.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Zoran Panov
Date Deposited: 20 Dec 2012 09:07
Last Modified: 20 Dec 2012 09:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3670

Actions (login required)

View Item View Item