Dzeparoski, Marjan (2025) Фармаковигиланца - улогата на фармацевтот. In: Фармацевтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија, 27 Sept 2025, Stip.
portal kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija-2-simpozium.pdf
Download (1MB)
Abstract
Лековите се карактеризираат со својата ефикасност, квалитет и безбедност. Фармацевтската индустрија е строго регулирана, со уште построги барања што доаѓаат
секој ден, кaдe што од големо значење е фармаковигиланцата. Фармаковигиланца е систем кој се применува за откривање, собирање, следење, процена и обезбедување на
соодветност на новите податоци за безбедноста на лекот и на односот ризик - корист во врска со употребата на лекот или неговата интеракција со други лекови. Целите на
фармаковигиланцата се промовирање на рационална, безбедна и ефикасна употреба на лекови, спречување на штети од несакани реакции, минимизирање на ризиците и придонес
кон заштитата на пациентите и јавното здравје. Тука клучна улога и одговорност треба да имаат фармацевтите, бидејќи нивната експертиза вклучува снабдување и издавање на
лекови, проценка на здравјето, стручна едукација и советување, професионално менаџирање на терапијата, превенирање на можни грешки од употребата на лековите,
интеракции и други несакани реакции. Фармацевтот треба да има и познавања за хербалните препарати и додатоци на исхрана, бидејќи е можна нивна интеракција. За да
може фармацевтот да одговори на овие барања, многу е важна додипломската едукација, исто така и континуираната едукација, за жал може да се констатира дека
фармаковигиланцата како посебна тема е многу слабо застапена. Пријавувањето на несакани реакции во Северна Македонија е на ниско, незадоволително ниво во споредба
со останатите држави. Сите учесници во здравствениот систем, вклучувајќи ги тука фармацевтите заедно со другите здравствени работници, како и образовните
системи, треба активно да спроведуваат едукација и имплементирање на програми за континуиран професионален развој и зајакнување на теоретското и практичното знаење од
овој значаен сегмент.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Marjan Dzeparoski |
| Date Deposited: | 24 Oct 2025 07:58 |
| Last Modified: | 24 Oct 2025 07:58 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36612 |
