Arev, Marija (2025) Вовед во лабораториски и хемиски пресметки. [Teaching Resource] (In Press)
Скрипта-ЛХП.pdf
Download (3MB)
Abstract
Предметот „Лабораториски и хемиски пресметки“ е клучен дел од образованието на студентите по медицински лаборанти, бидејќи ја поставува основата за разбирање и примена на хемиските принципи во медицинската лабораториска практика. Во медицинските лаборатории, точните пресметки и правилната примена на хемиските реакции се од суштинско значење за добивање на точни и веродостојни резултати, кои подоцна ќе се користат во дијагностицирање и лекување на пациенти.
Учењето на овој предмет им помага на студентите не само да ги совладаат основите на хемијата, туку и да разберат како да ја применуваат математиката во контекст на точно подготвување на реагенси. Разбирањето за правилната пресметка на концентрации, дози и времетраење на хемиските реакции е клучно за обезбедување на точни и веродостојни резултати.
Скриптата ,,Вовед во лабораториски и хемиски пресметки“ е подготвена согласно потребите на предметот Лабораториски и хемиски пресметки на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Содржината на скриптата е усогласена со акредитираната програма за теоретска настава наменета за студентите запишани на студиската програма медицински лаборанти, прв семестар.
Содржината е поделена на осум главни поглавја и неколку поднаслови, со цел за полесно следење и појасен преглед на наставната материја. Покрај теоретскиот дел, секое поглавје е збогатена со примери на решени задачи, хемиски равенки и реакции, што ќе им помогне на студентите полесно да ги совладаат наставните содржини.
При изработката на оваа скрипта користени се бројни библиографски единици поврзани со примена на математичките пресметки во хемијата, како и збирки задачи од областите на општа и неорганска хемија. Тематските единици се елаборирани системски, јасно и прегледно, што овозможува лесно совладување на теоретските и практичните содржини по предметот Лабораториски и хемиски пресметки.
| Item Type: | Teaching Resource |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Marija Arev |
| Date Deposited: | 07 Oct 2025 08:11 |
| Last Modified: | 07 Oct 2025 08:11 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36513 |
