Kozinkova, Vesna (2024) Отсутното и туѓото во земјата на бегалците. Palimpsest International Journal for Linguistic, Literary and Cultural Research, 9 (18): 95. pp. 95-104. ISSN 2545-3998
ОТСУТНОТО И ТУЃОТО ВО ЗЕМЈАТА НА БЕГАЛЦИТЕ (AutoRecovered).pdf
Download (312kB)
Abstract
Темата на егзилот и обездомувањето е сè поприсутна во современата светска литература. Причина за тоа секако се политичките случувања поради кои бездомништвото станува општа појава од 20 век наваму. Доказ за тоа се историите на некои заедници во кои ќе препознаеме колективни трауми кои за последица имаат експатријација при што членовите на тие заедници стануваат апатриди. Во нашиот, македонски случај, таква колективна траума од поновата македонска историја е егзилот на Македонците од Егејска Македонија кои во виорот на Граѓанската војна во Грција беа насилно прогонети и раселени насекаде по светот. Таа историска реалност создаде една посебна тематска целина во современата македонска литература позната како егејска тема. Романот „Земја на бегалците“ (2018) од Кица Колбе е книжевниот тестамент на егејските бегалци, книжевен тестамент на сите бегалци низ целиот свет, на сите прогонети, отфрлени, пребегани, понижени. Специфичноста на овој роман е тоа што тој свет на бегалците е даден од перспективата на детските очи, низ детското поимање на светот на возрасните и сите предизвици, искушенија и проблеми низ кои тие поминуваат. Тоа е чупката Фросе, првото родено дете по бегството, малата чупка која порасна предвреме и уште од малечка стана свесна дека ако само еден памети ништо не е загубено. На таков начин преку едно постмемориско присвојување на сеќавањето таа прави едно трангенерациско поврзување. Нејзиното сеќавање на радостагата детска е нејзина своевидна катарза преку која таа дешифрирајќи го Отсутното конечно го надминува стравот од Туѓото.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Vesna Kozinkova |
| Date Deposited: | 18 Nov 2025 08:50 |
| Last Modified: | 18 Nov 2025 08:55 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36505 |
