Denkova, Jovanka (2025) „Ахат“. / ed. Jovanka Denkova, Stip. ISBN 978-608-66129-2-4
ahat.pdf
Download (490kB)
Abstract
Поетската збирка „Ахат“ е втора по ред поетска книга на Јованка Денкова.
Веќе самиот овој факт говори во прилог на тоа дека по отворањето на кориците на збирката и прочитот на неколку песни, читателот ќе се сретне со поезија која не е од
оној тип кој претенциозно има за цел да го „зграпчи“ читателот и вљубеникот во зборот и уште со првите стихови да го освои. Во оваа несекојдневна стихозбирка, поетесата
ненаметливо нè воведува во својот свет, во својот однос кон тој свет, кон поезијата како можност за корелација со светот во себе и околу себе.
Насловот не е случаен избор на поетесата за наслов на овој поетски палимпсест. Тој укажува на една внатрешна симболичко-семантичка разноликост, во која поетесата
суптилно ги маркира рефлексивно-интимистичките контури на својата поезија. Ахатот е вид полускапоцен камен, минерал составен од повеќе видови кварц, кој лесно впива боја, а се користи при изработка на накит. Ахатот е симбол со кој лирскиот субјект се идентификува, зашто тој симбол е камен заштитник на хороскопскиот знак на поетесата, ангел – чувар во чија моќ се верува безрезервно. Во него се пронаоѓа силата да се живее и твори, во него живее вербата во подобро утре, за посреќни денови...
| Item Type: | Book |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Philology |
| Depositing User: | Jovanka Denkova |
| Date Deposited: | 08 Oct 2025 07:39 |
| Last Modified: | 08 Oct 2025 07:39 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36493 |
