Стратешки развој на туризмот и угостителството во Северна Македонија

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Todorovic, Emilija and Dzambazovski, Kristijan and Cuculeski, Nikola and Micevski, Mladen (2025) Стратешки развој на туризмот и угостителството во Северна Македонија. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-24-5

[thumbnail of Strateski razvoj na turizmot i ugostitelstvoto vo RSM.pdf] Text
Strateski razvoj na turizmot i ugostitelstvoto vo RSM.pdf

Download (620kB)

Abstract

Книгата „Стратешки развој на туризмот и угостителството во Северна Македонија“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на стратешкото планирање на туризмот во земјата. Материјалот во книгата е поделен во четири основни поглавја.
Првиот дел е посветен на основните карактеристики на туризмот и угостителството, а опфатен е материјалот кој се однесува на поим и развој на туристичката дејност, современите тенденции во туризмот и угостителството и статистиката поврзана со туристичката дејност во Република Северна Македонија.
Во вториот дел од книгата се обработува материјата поврзана со стратешкиот развој на туризмот и угостителството на национално ниво. Во овој дел се опфатени институциите одговорни за развојот на туризмот и угостителството, законската регулатива поврзана со туризмот и угостителството, стратешките документи за развој на туризмот и угостителството, невладините организации, синдикатите за туризам и угостителство, како и образованието од областа на туризмот и угостителството во земјата.
Во третиот дел од книгата се обрнува внимание на материјалот кој го третира стратешкиот развој на туризмот и угостителството на регионално ниво. Во овој дел е опфатена материјата поврзана со регионите во Северна Македонија и стратешките документи за развој на туризмот и угостителството на регионално ниво.
Четвртиот дел од книгата е посветен на стратешкиот развој на туризмот и угостителството на локално ниво во земјата. Овој дел од книгата го опфаќа материјалот кој ги третира локалниот развој на туризмот и угостителството, стратешките документи за развој на туризмот на локално ниво, како и застапеноста на туризмот во програмите за локален економски развој (ЛЕР) на општините.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со стратешкиот развој на туризмот и угостителството во земјата. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 17 Sep 2025 07:24
Last Modified: 17 Sep 2025 07:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36410

Actions (login required)

View Item
View Item