Metodijeski, Dejan (2025) Бизнис туризам. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-27-6
![Biznis turizam.pdf [thumbnail of Biznis turizam.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Biznis turizam.pdf
Download (1MB)
Abstract
Книгата „Бизнис туризам“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со бизнис туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на бизнис туризмот. Материјалот во трудот е поделен во 10 поглавја.
Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на дефинирање на туризмот, регионални карактеристики на меѓународниот туризам, влијанија на туризмот и трендови во туризмот.
Во вториот дел се разгледува материјалот поврзан со поим за деловен туризам, историскиот развој на деловниот туризам и дигиталните номади како современа форма на деловен туризам.
Во третиот дел се опфатени видовите деловен туризам, како деловен туризам поврзан со состаноци, стимулативните аранжмани, едукација и тренинг и волонтерство.
Во четвртиот дел, посветено е внимание на материјалот кој се однесува на дефинирање на настаните, значењето на настаните за угостителството и туризмот, социо-културните и економските влијанија на настаните, примери на позначајни настани во светот и во нашата земја, критериумите за поделба на различните видови на настани и безбедност на настани.
Во петтиот дел се обработува материјалот поврзан со постанок и развој на конференциите, историски прогрес на саемите, краток преглед на историјата на фестивалите и преглед на историскиот развој на банкетите.
Шестиот дел е посветен на проблематиката поврзана со понуда на деловен туризам, побарувачка на деловен туризам, стратешко планирање на деловниот туризам, дестинации за деловен туризам – примери и практики и конвенциски бироа.
Седмиот дел од трудот обрнува внимание на договорите во туризмот, односно туристичкото право и договори со угостителски претпријатија, како и договори со туристички агенции и организатори на патувања.
Во осмиот дел од книгата се опфатени оброци, мени, кувертирање и послужување, како и организацијата на различни настани во угостителството.
Во деветтиот дел од трудот е посветено внимание на дополнителните аспекти од деловниот туризам како туристичко водење, преведување, повраток на данок, царински формалности и дневници за деловни патувања.
Во десеттиот дел од трудот се третира проблематиката поврзана со туристичкиот шопинг како значаен сегмент во деловниот туризам.
Во материјалот се презентирани современите светски тенденции во развојот на деловниот туризам. Во изработката на трудот користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на деловниот туризам и деловните патувања.
Искажувам благодарност и до сите колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на овој труд. Упатувам благодарност и до рецензентите Оливер Филипоски и Владимир Китанов за корисните сугестии при креирање на материјалот за книгата. Имајќи предвид дека е ова прво издание, ненамерно, можеби, се пропуштени некои карактеристики на бизнис туризмот. Мислењата и забелешките можат да се упатуваат по електронски пат. За сите забелешки, авторот ќе Ви биде благодарен и ќе ги земе предвид при создавањето на следното, дополнето издание на овој материјал.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 17 Sep 2025 07:24 |
Last Modified: | 17 Sep 2025 07:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36407 |