Vitanova-Ringaceva, Ana (2025) Митско-ритуалните претстави во прозниот говор на Петре М. Андреевски (врз примери од романот „Последните селани“). Зборник на трудови од 51. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, 546 (51).
![Митско-ритуалните претстави во прозата на Петре М. Андреевски.pdf [thumbnail of Митско-ритуалните претстави во прозата на Петре М. Андреевски.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Митско-ритуалните претстави во прозата на Петре М. Андреевски.pdf
Download (3MB)
Abstract
Романот Последните селани на Петре М. Андреевски прет-
ставува жива слика на традиционалната македонска култура којашто во себе инкорпорирала обрасци од древната митска мисла. Народните верувања, обредната практика, табузираните обрасци на однесување, се исчитуваат во нарацијата на самиот роман, како и во градењето на неговите ликови. Со својот единствен и препознатлив израз, Петре М. Андреевски ги поставува во корелација, книжевниот говор и напластеното колективно фолклорнo наследство, притоа создавајќи текст во кој се препознаваат постапки на реактуализација на митолошкото. Исчитувањето на романот низ призмата на митско-ритуалниот код, ја вади на површина доминантната митологема на злото во сите негови облици (смрт, болест, глад, војна, неплодност, помор, иселување), но и злото како космички
принцип. Органски сраснат со македонскиот фолклор, романот во кој секој од ликовите гради свој микросвет, а сите заедно обединети во примордијалната паганска свест, ги слева во една заедничка наративна патека, двата паралелни света на сакралното и профаното, на рационалното и ирационалното.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 17 Sep 2025 07:22 |
Last Modified: | 17 Sep 2025 07:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36404 |