Можности за искористување на лушпата од ориз во сточарското производство

Stojanov, Ivan and Nakov, Dimitar and Kuzelov, Aco (2024) Можности за искористување на лушпата од ориз во сточарското производство. In: V Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина” Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Земјоделски факултет, 13 Nov 2024, Stip, Republic of North Macedonia.

[thumbnail of Kniga na apstrakti od V stud. konf_final pg.19.pdf] Text
Kniga na apstrakti od V stud. konf_final pg.19.pdf

Download (435kB)
[thumbnail of Презентација Иван Стојанов вер. 1.pdf] Text
Презентација Иван Стојанов вер. 1.pdf

Download (3MB)

Abstract

Последица од индустриското производство на ориз е насобирање на големо количество одпад чие складирање и отстранување има влијание врз околината и здравјето на луѓето. Најчеста практика кај земјоделците за решавање на проблемот со оризовата лушпа е нејзино согорување што има директни негативни последици за загадување на воздухот и емисија на стакленички гасови. Искористување на лушпата како нуз-производ при обработката на оризот во сточарството има повеќекратна придобивка од аспект на нејзина употреба во исхраната на животните, управување со ѓубрето од фармите за домашни животни и зачувување на животната средина. Главна цел на трудот е да направи преглед на литературните податоци за потенцијалната употреба на лушпата од ориз во сточарското производство, со акцент на нејзината нутритивна вредност и употребната вредност за одржливо сточарско производство. Лушпата од ориз главно се состои од целулоза, хемицелулоза и лигнин, со што има ниска сварлива вредност. Сепак, лигнинот во комбинација со останатите хранливи состојќи во крмните смеси има големо значење за процесите на ферментација на храната кај преживните животни и подобрување на нутритивната вредност на крмивата. Лушпата како биомаса може да се употребува во процесите на компостирање на шталското ѓубре. Оризовата лушпа заедно со изметот и осоката од животните создава компост со подобрени својства за ремедијација на киселите почви истовремено нудејќи решенија за управување со ѓубрето од сточарските фарми. Со употреба на оризовата лушпа како додаток во исхраната на животните и како биомаса за компостирање земјоделските производители се стремат кон циркуларна економија и промовираат одржливо земјоделско производство.
Клучни зборови (3-7 зборови): оризова лушпа, сточарско производство, исхрана, компост

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Animal and dairy science
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Dimitar Nakov
Date Deposited: 15 Aug 2025 06:52
Last Modified: 15 Aug 2025 06:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36268

Actions (login required)

View Item
View Item