Ivcev, Ljubomir and Damjanovski, Slobodan and Lozance, Kiril (2025) Употреба на натриум флуоресцин како доказ за адекватен крвен проток после клипсирање на мозочна аневризма. International Medical Journal Medicus (IMJM), 30 (1). pp. 138-141. ISSN 1409-6366
medicus-prill-2025.pdf
Download (150kB)
Abstract
Основната цел на аневризматските операции е да се исклучи аневризматското проширување од циркулацијата со помош на клипса без притоа да биде спречен дисталниот крвоток. Современата неврохирургија се стреми кон изнаоѓање на методи за се попрецизна оперативна интервенција. Најпрецизната имиџинг техника која помага во исклучување на аневризма од крвоток и постигнување на соодветен крвоток дистално од тоа место е интраоперативната Компјутеризираната Ангиографија (CTa).За таа цел е потребно оперативната сала да биде
опремена со специфична компјутеризирана томографија (О-arm), поголем број на медицински персонал за промена на положбата на пациентот и блска соработка помеѓу анестезиолошки, хируршки и радиолошки тим на лекари. Наведените неопходни услови плус негативните моменти како што се големото изложување на зрачење, виската цена и одолговлекување на операцијата се причини поради кои оваа имиџинг метода не
може рутински да се користи во повеќето институции. Поради тоа како замена се појавуваат фуоресцентните средства. Првото флуоресцентно средство употребено како контрастно средство за видео ангиографија е зелениот индицијанин во 2003та година (1).Поради високата цена почнува да биде заменето со други
флуоресецнти средства како што се АЛА-5 (5-аланинлевулонска киселина) и НаФл (Натриум Флуоресцин).За разлика од интраоперативната компјутеризирана томографија, флуоресцентните контрастни средства се поедноставни за употреба. На современите оперативни миркоскопи постои ‘сина и жолта ‘ светлина со 400 и 560 брановидолжини последователно, која овозможува директен приказ на флуоресцентните средства како кај туморите, така и долж големите крвни садови. После поставување на клипса, крвотокот може да се провери
со активирање на жолтата светлина на оперативниот микроскоп. Правилната поставеност на клипсата се одредува со појава на флуоресценција долж крвниот сад дистално од аневризмата и истовремено отсуство на флуоресценција во аневризматското проширување. Нашиот случај е одличен пример за позитивна примена на натиум флуоресцин кај аневризматски операции.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Jovan Ivcev |
| Date Deposited: | 14 Oct 2025 10:34 |
| Last Modified: | 14 Oct 2025 10:34 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36227 |
