Правото на скратено работно време на родител на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби

Todorova, Biljana and Radulovik, Makedonka (2025) Правото на скратено работно време на родител на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби. Conference proceedings of the 1st International Conference – Challenges of Contemporary Families, 1 (1). pp. 428-446. ISSN COBISS.MK-ID 66018821

[thumbnail of Zbornik semejni Todorova.pdf] Text
Zbornik semejni Todorova.pdf - Published Version

Download (2MB)

Abstract

Во трудот се прави анализа на правото на скратено работно време на еден од родителите на дете со развојни пречки и посебни образовни потреби, според одредбите на Законот за работните односи (ЗРО). Целта на трудот е да се идентификуваат предизвиците и потенцијалните прашања што можат да се појават при користење на ова право, а во корелација со останатите релевантни закони и политики во земјава и да се понудат решенија за нив. Главниот фокус е на пронаоѓањето на најдобрите практики и политики за поддршка на овие родители во балансирањето на своите работни и семејни обврски.
Методите што ќе се користат, вклучуваат детална анализа на законските одредби, како и истражување на литературата кои се однесуваат на влијанието на работното време на родителите на деца со специфични потреби. Преку дискусија и толкување, се разгледуваат прашањата на балансирање на работата и семејниот живот, како и важноста на интеграцијата на ова право во пошироката рамка на семејните политики.
Направените анализи нудат не само разбирање на предизвиците туку и предлагаат конкретни решенија за нивно надминување. Конечно, се заклучува дека за да се осигураат придобивките од ова право, потребно е да се интегрира во целосната семејна поддршка како и во политиките што ги поддржуваат семејствата во општеството.
Анализата во трудот се очекува да донесе значителен придонес и во разбирањето на предизвиците и можностите што ги носи ова право и за работните односи и за општеството во целост. Се очекува препораките и решенијата што ќе се изведат од ова истражување да им послужат како основа на законодавците и креаторите на политики во развивањето на подобра и пофункционална правна рамка за поддршка на родителите на деца со развојни пречки и посебни образовни потреби.
Клучни зборови: Скратено работно време, посебни образовни потреби, дете со развојни пречки, социјални права, семејно-пријателски политики, семејство.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Biljana Todorova
Date Deposited: 11 Jun 2025 11:53
Last Modified: 11 Jun 2025 11:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36038

Actions (login required)

View Item
View Item