Туризмот во руралните средини

Metodijeski, Dejan (2012) Туризмот во руралните средини. Sovremenost. ISBN 978-608-4501-32-9

[thumbnail of Turizmot vo ruralnite sredini.pdf]
Preview
Text
Turizmot vo ruralnite sredini.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Предмет на истражување на оваа книга е туризмот кој го презентира руралниот живот, уметноста, културата и наследството на руралните средини, со посебен акцент на креативните индустрии и улогата на руралната жена во можностите за неговиот развој. Ваквиот вид туризам (рурален туризам) овозможува интеракција меѓу туристите и локалното население, како и збогатување на туристичкото искуство.
Врз основа на предметот и целта на истражувањето, трудот е структуриран на следниот начин: вовед, прва, втора, трета глава и заклучни согледувања. Суштината на трудот се содржи во три главни делови:
1. Поимот туризам, рурален туризам, креативните индустрии и улогата на руралната жена;
2. Меѓународни искуства поврзани со руралниот туризам; и
3. Руралниот туризам, креативните индустрии и улогата на руралната жена во Република Македонија.
Првата глава, која е насловена: “Поимот туризам, рурален туризам, креативните индустрии и улогата на руралната жена” опфаќа дефинирање на поимот туризам и критериуми за поделба на видовите туризам, како и суштината на руралниот туризам и видовите на рурален туризам. За подетална разработка на овој поим земени се предвид: просторниот опфат (рурална средина и регион), факторите за постоење и развој на руралниот туризам (природни и антропогени вредности, објекти за сместување, човечки фактор, исхраната во руралната средина, институционалната рамка, инфраструктурата, европските фондови и др.), понудата и побарувачката на руралниот туризам (туристичката политика, маркетингот, профилот и мотивацијата на туристите и др.). Првиот дел завршува со анализа на досегашните научни истражувања до кои што кандидатот имал пристап, а се однесуваат на креативните индустрии и улогата на руралната жената.
Втората глава ги опфаќа меѓународните искуства поврзани со руралниот туризам, каде преку примери од различни земји во светот е прикажана состојбата на руралниот туризам и неговата функција во полза на подобрување на социо-економската состојба на овие земји. Користени се статистички податоци кои укажуваат на степенот на развој и видот на руралниот туризам во овие земји (25 земји од Европа). Во овој дел се претставени и некои меѓународни организации кои се занимаваат со рурален туризам (Eurogites, ECOVAST, Rural Tourism International) и имаaт голема улога во дефинирањето и насоката на руралниот туризам во иднина. Исто така, презентирани се и податоците од Првиот конгрес за рурален туризам одржан во 2003 г. во Шпанија.
Третата глава, која е истовремено носечкиот столб на трудот е посветена на руралниот туризам во Република Македонија, креативните индустрии и улогата на руралната жена. Оваа глава е посветена како на постоечките законски регулативи, со опфаќање на комплетно теренско истражување од кое се добиени податоците за моменталната состојба на понудата на руралнот туризам, потенцијалите на овој вид туризам во Република Македонија, како и состојбата на креативните индустрии во Република Македонија и улогата на жената како фактор за развој и одржливост на руралните средини.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 14 Dec 2012 09:43
Last Modified: 14 Dec 2012 09:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3590

Actions (login required)

View Item View Item