Одржливи практики во туризмот и угостителството

Isahi Palosi, Ardijana and Aleksovska, Slobotka and Ilievska, Nadica and Metodijeski, Dejan (2024) Одржливи практики во туризмот и угостителството. Центар за стручно образование и обука, Скопје.

[thumbnail of Ugostitelstvo - Odrzlivi praktiki (025-MK).pdf] Text
Ugostitelstvo - Odrzlivi praktiki (025-MK).pdf

Download (1MB)

Abstract

Во рамките на угостителско - туристичка струка/сектор угостителство и туризам, изработена е наставна програма за содржини програмирани од училиштето - Одржливи практики во туризмот и угостителството, преку која учениците ќе се оспособат да дејствуваат соодветно во рамките на струката/секторот, со што ќе придонесат за реализација на различни активности во насока на заштита на животната средина.
Прирачникот „Одржливи практики во туризмот и угостителството“ претставува наставно помагало за постигнување на резултатите од учење од соодветната наставна програма и се состои од содржини соодветни на модуларните единици предвидени во програмата, и тоа:
1. Цели за одржлив развој
2. Одржливи практики во туризмот
3. Одржливи практики во угостителството
Првата модуларна единица е насловена како „Цели за одржлив развој“ и во неа се опфатени содржини поврзани со цели на одржлив развој и нивно значење, принципи и правила за еколошка одржливост на животната средина и природните ресурси, како и принципи на економска одржливост. Исто така, се обработува материјалот поврзан со социјална и културна одржливост во локална средина.
Втората модуларна единица „Одржливи практики во туризмот“ се однесува на содржини поврзани со влијанија на туризмот врз животната средина, практики и примери на одржлив развој на туризмот, како и различни аспекти на одржливи дестинации.
Во третата модуларна единица „Одржливи практики во угостителството“ се обработуваат содржини поврзани со одржливи практики во хотелиерството и одржливи практики во ресторатерството. Покрај тоа, посветено е внимание на одржливите практики во кетерингот.
Прирачникот е наменет за наставници и ученици и има за цел преку теоретски дел, задачи, вежби и проектни активности да обезбеди успешна реализација на соодветната наставна програма. За да се продлабочат знаењата, Прирачникот содржи и дополнителни насоки/ адреси/литература за пребарување и сл.
Прирачникот може да најде соодветна примена и во други наставни предмети во струката како и во други струки во стручното образование за стекнување знаења и придонес во заштита на животната средина.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 13 Mar 2025 09:02
Last Modified: 13 Mar 2025 09:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35796

Actions (login required)

View Item
View Item