Гнатометриска анализа, радиографска проценка и прогноза кај пациенти со импактирани максиларни канини

Bedzeti Redzepi, Jeta (2025) Гнатометриска анализа, радиографска проценка и прогноза кај пациенти со импактирани максиларни канини. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, С. Македонија.

[thumbnail of др Јета Беџети - докторска дисертација.pdf] Text
др Јета Беџети - докторска дисертација.pdf - Published Version

Download (4MB)

Abstract

Вовед: Импакција е патолошка состојба дефинирана како недостаток на простор за ерупција на забот во оралната шуплина во рамките на времето и физиолошкиот лимит на нормалниот еруптивен процес. Меѓу забите кои се најчесто импактирани на прво место се долните трети молари, а по нив веднаш се максиларните канини.
Цел: Целта беше да се одредат денталните и оклузалните карактеристики кои придонесуваат за импакција на максиларните канини; да се одреди позицијата и ориентацијата на максиларните импактирани канини на ортопантомограмска
снимка - палатинална или букална; да се одреди прогнозата за поставеност на импактираниот максиларен канин на ортопантомограм; да се одредат радиографските фактори (параметри) кои ќе влијаат на одлуката на ортодонтот за избор на соодветен третман; да се одреди тежината на ортодонтско-хируршкиот зафат и неговото времетраење.
Материјали и методи: Материјалот за оваа студија се состоеше од ортодонтски студиомодели и ортопантомограмски снимки од 60 испитаници од машки и женски пол на возраст од 11 до 18 години, со унилатерална и билатерална импакција на максиларните канини. Контролната група за гнатометриската анализа ја сочинуваа 60 здрави испитаници со нормално
еруптирани максиларни канини на истата возраст, од двата пола. Мерењата на сите параметри во оваа студија беа извршени со помош на дигитален шублер - Extol premiuм, тридимензионален шестар според Korkhaus и ортодонтски мерен прибор: ортометар со милиметарска поделба според Korkhaus. Кај моделите добиени од испитаниците и од контролната група се мереа следните параметри: мезиодистална ширина на забите, интерпремоларна ширина, интермоларна ширина, висина на максиларниот дентален лак, индекс на непце, дентоалвеоларен меѓувиличен сооднос,
оverjet, оverbite, неправилен облик на латералните инцизиви, присуство на хиподонција. Радиографското испитување и анализите на импактираните максиларни канини се изведуваше на ортопантомограмските снимки. Добиените ортопантомограмски снимки се поставуваа на негативоскоп и со помош на паус хартија, молив, линијар и агломер се исцртуваа линии и агли,
неопходни за линеарните и за ангуларните мерења и тоа: за одредување на буко-палатиналната позиција на импактираните канини се користеше методот на Kuftinec и Chaushu, ангулација на канинот кон медијалната линија, вертикална висина на коронката на канинот во однос кон соседниот инцзив, антеро-постериорна позиција на апексот на канинот, канинско преклопување на коренот на соседниот инцизив, присуство на коренска ресорпција на соседниот заб, сектор метод според Ericson и Kurol и присутност на хиподонција. Резултати: Кај пациентите од ИГ се регистрира 36,7 % импактиран максиларен канин 13 и 21,7 % импактиран максиларен канин 23. Со 41,7 % е застапена билатералната импакција на максиларните канини, која е пред сѐ, букална. Унилатерална импакција на максиларните канини се регистрира кај 58,4 % во испитуваната група и тие се најчесто палатинални. Во однос на половата застапеност во ИГ со 33,3 % е застапен машкиот пол, а со 66,7 % женскиот пол.
Постои статистички сигнификантна разлика помеѓу просечната возраст според степените на ангулацијата на канинот кон медијалната линија. Во најголем процент е застапен првиот степен (0-15 °) со 42,6 % кај 13 и 36,8 % кај 23. Третиот степен (>31°) е застапен со 36,1 % кај 13 и 34,2 % кај 23. Вториот степен (16 и 30 °) е застапен со 21,3 % кај 13 и 29,0 % кај 23. Во однос на вертикалната висина на коронката на 13 и 23 кон соседниот инцизив, најмногу е застапен вториот степен, потоа следи првиот степен, а најмалку третиот степен. Според прогностичкиот метод на Ericson и Kurol (модифицирана верзија) во најголем процент е застапен сектор 3 со 59,6 % на канин 13 и 65,8 % на 23. Потоа следува сектор 1 со 25,5 % на 13 и 18,4 % 23 и најпосле сектор 2 со 14,9 % кај 13 и 15,8 % 23. Според методот на Kuftinec букалната позиција на 13 е застапена со 61,7 % и 65,8 % кај 23. Палатиналната позиција е застапена со 38,3 % кај 13 и 34,2 % кај 23. Според методот на Chaushu
букалната позиција е застапена со 72,3 % кај 13 и 57,9 % кај 23. Палатиналната позиција е застапена со 27,7 % кај 13 и 42,1 % кај 23. Заклучок: Третманот на импактираните максиларни канини е комплексна процедура која бара мултидисциплинарен приод. Правилното менаџирање на импактираните максиларни канини бара одлично познавање на аномалијата, соодветна хируршка интервенција и ортодонтска фиксна терапија за
апликација на сили во поволен правец на движење, со комплетна контрола на силите без оштетување на соседните заби.
Резултатите од оваа студија можат да имаат одредена клиничка важност во детекцијата, компетентното испитување, дијагнозата и планирањето на третманот на импактираните заби, со крајна цел постигнување на задоволителен естетски и функционален оптимум.
Клучни зборови: канини, импактирани максиларни канини, унилатерални / билатерални импакции, импакции.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 21 Feb 2025 08:13
Last Modified: 21 Feb 2025 08:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35762

Actions (login required)

View Item
View Item