Управно право во пракса

Jovanovski, Zoran (2024) Управно право во пракса. Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје, Skopje. ISBN 978-9989-134-27-2

[thumbnail of Управно право во пракса проф. д-р Зоран Јовановски, полковник.pdf] Text
Управно право во пракса проф. д-р Зоран Јовановски, полковник.pdf - Published Version

Download (573kB)

Abstract

Управното (административно) право е во корелација со брзата динамика на светот и времето во кое живееме.Тоа го следи
трендот на пораст на јавните органи, организациите, нивните
функции и дејности и сите општествени и правни односи. Оттука, произлегува и интересот и важноста на управното
(административно) право за положбата и функционирањето на
администрација. Администрацијата претставува најважната алка за успешно имплементирање на државната политика во една држава, но и јавен сервис на граѓаните. За да се постигне ова потребно е да се регулираат дејностите, одговорностите и надлежностите на јавните органи, нивниот начин на работа, како и правните средства за исполнување на обврските и правата кон граѓаните при вршењето на јавни услуги и обратно. Токму тоа го проучува и определува предметот на изучување на управното право.
Овој прирачник претставува помагало кое ќе има апликативно и научно значење за студентите - питомците на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, кои во едно или друго својство во иднина ќе учествуваат во управната (административна) постапка.
Во првиот дел студентите - питомците ќе се воведат во поимот, предметот, организацијата на управата и административното право, како гранка на правниот систем и
правната наука и сл., односно со административното материјално право. Материјалното право нормативно ги регулира и научно ги изучува правните односи во врска со правата и обврските на правните субјекти (физички и правни лица) од надлежност на органите на управата.
Вториот дел претставува студија на случај, односно теоретско но и практично разработување на една дисициплинска постапка.
Преку креирање на фиктивен случај, па се до зачетокот на
една ваква интерна управна постапка, разработена преку сите
документи кои се водат при реализацијата на една постапка за
утврдување на дисциплинска одговорност на персонал вработен во Министерството за одбрана и Армијата, претставува еден многу корисен сегмент за студентите – питомците, кои во текот на својот кариерен развој ќе се најдат во определена улога во ваквата постапка.
Третиот дел ги разработува управните дејствија и акти кои
својата примена ја наоѓаат токму во Министерството за одбрана и Армијата.
Содржи теоретско излагање за изгледот, содржината и битните елементи кои треба да ги имаат определени акти во управната постапка при Министерството за одбрана и Армијата.
Во рамките на последниот дел од прирачникот се прикажани
практични примери и теркови за управните (административните) акти во јавните органи и приватната администрација, при управна постапка и во управен спор со задолжителни елементи, форма, содржина, дејство итн.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Military Academy
Depositing User: Zoran Jovanovski
Date Deposited: 18 Feb 2025 08:54
Last Modified: 18 Feb 2025 08:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35752

Actions (login required)

View Item
View Item