Млади, миграции и образование

Stojanovski, Strasko and Paneva, Ana and Panev, Kristijan (2024) Млади, миграции и образование. Other. Фондација за развој на локалната заедница-Штип.

[thumbnail of Млади, миграции и образование - Монографија.pdf] Text
Млади, миграции и образование - Монографија.pdf

Download (2MB)

Abstract

Во серијата општествено-економски проблеми кои го одбележаа македонското општество последните три декади, примарниот акутен проблем се однесува на демографските индикатори за движењата на населението. Ова е дотолку важно, не само поради мултиетничкиот и мултиконфесионалниот карактер на Македонија и евентуалните можности за нарушување на некаква статус кво ситуација која би резултирала со одредена пролонгирана конфликтност, туку пред сè поради влијанието врз социо-економските показатели и можноста за развој во иднина.
Динамичките аспекти на демографските прашања се историска категорија, но и современ продукт на либералното општество и социо-економските разлики во глобални рамки. Оттука, перспективата на младите за стекнување образовни квалификации, градење на професионална кариера, но и подигање на идните поколенија се прашања кои се поврзуваат со квалитет на живот, просперитет, но и надеж за подобра иднина. Миграциите на младите од Македонија, следствено, ќе произведат сомнеж во потенцијалот на нацијата, државата и општеството во целина.
Основниот предмет на истражувањето се фокусира на целната група млади, средношколци и студенти и корелативниот однос помеѓу образовната мотивација и можноста за миграција на младите во Република Македонија и надвор од Република Македонија. Оттука, истражувањето се фокусира на мотивацијата на средношколците за запишување во високообразовните институции во РМ, но и мотивацијата на студентите за продолжување на нивното образование во рамките на универзитетите во коишто веќе студираат и користењето на можноста за студентска мобилност.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ana Zdraveva
Date Deposited: 12 Feb 2025 09:45
Last Modified: 12 Feb 2025 09:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35714

Actions (login required)

View Item
View Item