Етничко профилирање и криминал од омраза како обележја на антициганизмот

Kosevaliska, Olga and Surlovska, Roze (2024) Етничко профилирање и криминал од омраза како обележја на антициганизмот. Македонска ревија за казнено право и криминологија, 31 (1-2). ISSN 1409-5327

[thumbnail of Kosevaliska, Surlovska.pdf] Text
Kosevaliska, Surlovska.pdf

Download (453kB)

Abstract

Со таргетирањето на идентитетот на една личност, злосторствата од омраза
предизвикуваат поголема штета од обичните кривични дела. За разлика од жртвите на други
криминални дејствија, жртвите на криминал од омраза се на мета поради своите лични
карактеристики. Според тоа, дејствијата на сторителот може да се доживеат како напад врз
самата срж на идентитетот на една личност, која е девалвирана и оцрнувана. Како резултат
на тоа, непосредната жртва може да доживее поголема психолошка штета и зголемени
чувства на ранливост, бидејќи не се во можност да ја изменат карактеристиката што ги
прави да бидат жртва. Со ова излагање се објаснува секојдневната положба во која се
наоѓаат Ромите во речиси секоја сфера од општественото функционирање. Суровоста и
бруталноста се два збора што се неминовно врзани и ги опишуваат делата сторени од
омраза. Овој вид криминалитет, кој најстрого се осудува во меѓународните и националните
законодавства, остава трага како на жртвата, така и на целокупното општество.
Во овој труд детално се обработува поврзаноста на етничкото профилирање и
криминалот од омраза преку нивното дефинирање како обележја на антициганизмот.
Клучни зборови: криминал од омраза, дискриминација, антициганизам, човекови
права, расно профилирање.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Kosevaliska
Date Deposited: 10 Feb 2025 08:23
Last Modified: 10 Feb 2025 08:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35688

Actions (login required)

View Item
View Item