Процедури за трансформација на насмевката со порцелански фасети

Zarkova Atanasova, Julija (2024) Процедури за трансформација на насмевката со порцелански фасети. In: Симпозиум со меѓународно учество „Естетика во протетиката", 9 June 2024, Gostivar, North Macedonia.

[thumbnail of Procedures for smile transformation with porcelain veneers.pdf] Text
Procedures for smile transformation with porcelain veneers.pdf

Download (4MB)
[thumbnail of gostivar simpozium 2024.pdf] Text
gostivar simpozium 2024.pdf

Download (299kB)
[thumbnail of Porcelain veneers from A to Zapstrakt .pdf] Text
Porcelain veneers from A to Zapstrakt .pdf

Download (109kB)
Official URL: https://www.albstom.org/

Abstract

Порцелнските фасети се ултра-тенки обвивки со боја на заб уникатно дизајнирани за да ја покријат предната површина на забите и да го подобрат нивниот естетскиот изглед, да ја променат бојата, формата и големината. Првиот чекор во процедурата со порцелански фасети е деталното планирање на третманот. Ова вклучува темелен преглед на оралното здравје на пациентот, проценка на естетиката на насмевката и поставување на целите на третманот. Дијагностичките алатки како софтверите за дигитален дизајн на насмевката, интраоралните скенери и фотографиите помагаат во дизајнирањето на посакуваниот изглед заедно во соработка со пациентот. Откако третманот е целосно испланиран, започнува фазата на препарација на забите. Од есенцијално значење е минималното препарирање на забите само за да се создаде простор за фасети, со задржување на што е можно повеќе од природната структура на забите. Овој чекор бара прецизност и внимание на детали за да се обезбеди правилно прилагодување и долготрајност на фасетите. По препарацијата, темпоризацијата со цел да се заштитат препарираните заби и да се обезбеди на пациентот естетско решение додека се изработуваат трајните реставрации е исто така сложена процедура која бара специјална техника на цементирање. Овие привремени реставарции доколку се изработат по крајниот дизајн му овозможуваат на пациентот да ги прегледа очекуваните резултати и да даде повратни информации пред изработката на финалните. По препарацијата следи фазата на отпечатување која може да биде спроеведена конвенционално со адициони силикони или дигитално со интраорален скенер. По финалната изработка на фасетите следи фазата на проба со употреба на специјални пасти за проба и одредување на финалната боја на композитниот цемент со кој ќе се изврши бондирањето на фасетите. Адхезивното цементирање е чекор кој бара внимателен и детален протокол со целосно подготвување на забите и внатрешната површина на фасетката, апсолутно суво работно поле и употреба на светлосно-полимеризирачки композитени цементи. Откако керамичките фасети се залепени, на пациентите им се даваат упатства за пооперативна нега за да ја одржат долготрајноста на новата насмевка, а понегаш изработуваме и силиконски штитници кои пациентите ги носат за време на спиење. Во заклучок, порцелансите фасети нудат високо естетски решенија за пациентите кои бараат трансформација на насмевската, но со оглед на сензитивноста на процедурите секој чекор во процесот игра клучна улога во постигнувањето на оптимални резултати.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Julija Zarkova Atanasova
Date Deposited: 05 Feb 2025 12:15
Last Modified: 05 Feb 2025 12:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35620

Actions (login required)

View Item
View Item