Нега на дете со заболување на гастроинтестинален систем - скрипта

Dimitrovska Ivanova, Marija and Demerdzieva, Aneta and Coneska-Jovanova, Biljana and Palcevska-Kocevska, Snezana (2024) Нега на дете со заболување на гастроинтестинален систем - скрипта. [Teaching Resource]

[thumbnail of НЕГА НА ДЕТЕ СО ЗАБОЛУВАЊЕ НА ГАСТРОИНТЕСТИНАЛЕН СИСТЕМ.pdf] Text
НЕГА НА ДЕТЕ СО ЗАБОЛУВАЊЕ НА ГАСТРОИНТЕСТИНАЛЕН СИСТЕМ.pdf

Download (487kB)

Abstract

Педијатриската нега е специјализација на медицинската професија која се фокусира на педијатријата и медицинската нега на децата, од неонаталниот период до тинејџерските
години. Ова е важно поле бидејќи здравјето на децата е различно од она на возрасните поради растот и развојот што се случуваат во текот на детството. Педијатриските
медицински сестри обично работат во мултидисциплинарен тим со други здравствени работници за да обезбедат најдобра можна медицинска нега за децата. Тие играат важна
улога за следење на здравјето на младите пациенти и обезбедување грижа и поддршка во текот на нивниот третман.
Педијатриската гастроентерологија претставува гранка на педијатријата која се занимава со проучување на заболувања на гастроинтестиналниот систем во детската возраст кои
се едни од најчестите заболувања кај децата. Медицинската сестра има голема улога во дијагнозата, третманот и негата на децата со заболувања на гастроенитестинален систем, почнувајќи од мерење на антропометриските параметри, поставување на венски пристап за парентерална апликација на лекови, инфузиони раствори и раствори за
парентерална исхрана. Медицинската сестра која работи на одделение за педијатриска гастроентерологија мора да биде обучена да му помага на лекарот при изведување на
дијагностички процедури како абдоминален ултразвук, езофагогастродуоденоскопија, колоноскопија, поставување на назогастрична сонда, спроведување на исхрана по
ентерален пат. Повеќето од децата хоспитализирани на одделенијата за педијатриска гастроентерологија имаат потреба од секојдневно следење на телесната тежина,
диурезата, изгледот, бројот и конзистенцијата на столиците и повратените маси. Медицинската сестрата мора да има одлично познавање од оваа патологија и да биде едукатор на децата и фамилиите за спроведување на терапија, специфична исхрана како и навремено препознавање на знаците и симптомите при егзацербација на заболувањето.
Во скриптата „Нега на дете со заболување на гастроинтестинален систем“ се опфатени најновите протоколи за дијагностика, третман и нега на децата со заболувања на
гастроинтестинален систем утврдени од страна на Европското здружение за педијатриска гастроентерохепатаологија и исхрана, Американската академија за педијатрија,
Светската здравствена организација и Центарот за контрола и превенција на болести.
Оваа скрипта е наменета за студентите од Високата медицинска школа насока Медицинска сестра/техничар, но истата поради големиот број на нови информации во однос на дијагностиката и третманот на заболувањата на гастроинтестиналниот систем,
можат да ја користат и студентите по општа медицина како надополнување на основниот материјал по предметот „Педијатрија“.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Dimitrovska
Date Deposited: 25 Feb 2025 08:20
Last Modified: 25 Feb 2025 08:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35528

Actions (login required)

View Item
View Item