Значењето на пчелите во опрашувањето на растенијата

Gorgieva, Sandra and Atanasova, Biljana and Spasov, Dusan and Spasova, Dragica and Ilievski, Mite (2024) Значењето на пчелите во опрашувањето на растенијата. In: V студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина", 13 Nov 2024, Stip.

[thumbnail of Програма за V студентска конференција 13.11.2024 г..pdf] Text
Програма за V студентска конференција 13.11.2024 г..pdf

Download (235kB)
[thumbnail of Презентација - Сандра Ѓоргиева.pdf] Text
Презентација - Сандра Ѓоргиева.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of kniga_na_apstrakti_2024_Sandra Goergieva.pdf] Text
kniga_na_apstrakti_2024_Sandra Goergieva.pdf

Download (757kB)

Abstract

Пчелите се едни од најстарите припитомени животни од страна на човекот и се еден од неколкуте инсекти што човекот активно ги одгледува. Медоносната пчела има значајна улога во опрашување на цветните растенија, вклучително и културните растенија. Повеќе од 80% од земјоделските културни растенија се ентомофилни. Како најдобар пренесувач на полен, медоносната пчела придонесува за зачувување на биодиверзитетот на растенијата. Има значајна улога во зголемувањето на приносот кај културните растенија и подобрување на квалитетот на нивните плодови. Се проценува дека во Европската Унија годишната економска корист од опрашувањето на медоносната пчела изнесува повеќе од 4,25 милијарси евра, а користа од опрашувањето од сите видови инсекти изнесува над 14 милијарди евра. Опрашувањето со пчели кај голем број културни растенија обезбедува поголем принос на плодови и семе, како и подобар квалитет. Ако се намали популацијата на пчели ќе се намали и приносот на некои растителни култури, а некои може да изчезнат, што пак, неминовно, ќе доведе до недостаток на храна за хуманата популација.
Доколку сакаме да живееме во средина со богат биодиверзитет треба да преземеме сѐ што е во наша моќ да ги сочуваме пчелите и да им ја олесниме работата бидејќи, не зависат тие од нас, туку ние од нив. Најлесен начин да им се помогне на пчелите е садењето медоносни растенија и избегнувањето на употреба на пестициди. Преку заштитата на околината се гржиме за пчелите, а со тоа и за нас и нашата исхрана.

Item Type: Conference or Workshop Item (Other)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Atanasova
Date Deposited: 23 Jan 2025 11:24
Last Modified: 23 Jan 2025 11:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35500

Actions (login required)

View Item
View Item