Приказна без крај - вечно во чекалната - ЕУ (Македонија) нема да чека засекогаш

Josifovic, Ivica (2024) Приказна без крај - вечно во чекалната - ЕУ (Македонија) нема да чека засекогаш. In: Тиквешки правнички денови, 18-20 Oct 2024, Kavadarci.

[thumbnail of Тиквешки правнички денови.pdf] Text
Тиквешки правнички денови.pdf

Download (686kB)

Abstract

Авторите презентираат различни ставови и позиции за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, артикулирани како од европските дипломати и политички претставници на ЕУ, така и од македонските теоретичари и практичари. Дел од насловот е позајмен од неодамнешното предавање на холандскиот амбасадор (освен додаденото име Македонија), во кое тој изнесе низа приговори за реформскиот процес во Северна Македонија, без да ја разгледа подлабоко причината за стагнацијата. Според нас, стагнацијата не е само по вина на Северна Македонија, туку делумно се должи и на нарушениот кредибилитет на ЕУ на Балканот. Авторите се обидуваат да ги наведат тие дилеми и да дадат свој став за процесот на пристапување.
Македонија е земја која е отворена за експериментирање со политиките на меѓународната заедница, од процесот на меѓународно признавање, па се до промената на името. Кога мислевме дека е готово и дека конечно ќе можеме да го започнеме патот на европската интеграција, Северна Македонија наиде на нови нереални барања. Друго можно назадување во интеграцијата во ЕУ може да се припише на Бугарија, која води политика на негирање на македонскиот јазик, историја и култура и која бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот устав, но не понуди реципрочна одредба во бугарскиот устав за македонското малцинство кое живее во Бугарија. Врз основа на искуството и процесите на одлучување во институциите на ЕУ поврзани со проширувањето, Македонија веројатно ќе биде под притисок да се откаже од државните темели за да ја достигне крајната цел – членство во ЕУ. Процесот на проширување внесува нови аспекти во процесот на политичка условеност со усвојување на комплексен мозаик на услови, одредници и очекувања. Политиката на ЕУ кон Македонија го поткопува кредибилитетот на Унијата како актер кој придонесува за долгорочна стабилност и демократски стандарди. Наместо сеопфатни решенија, вклучително и деблокирање на преговорите, претставниците на ЕУ пристапија кон склучување итни договори чија имплементација е доведена во прашање од самиот почеток. Авторите ги прикажуваат правните прашања поврзани со овие настани, имајќи предвид дека повеќето од нив се решаваат со силата на политиката, а не со аргументи и во согласност со правото, што може да има сериозни последици и да доведе до дополнителни барања кои не може да се исполнат.
Клучни зборови: Македонија, членство, Европска Унија, право и политика, спор.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ivica Josifovik
Date Deposited: 24 Jan 2025 12:40
Last Modified: 24 Jan 2025 12:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35435

Actions (login required)

View Item
View Item