Dimova, Cena (2011) Нови орални антикоагуланси – нови пристапи во денталната медицина. Farmacevtski informator, 10 (26). pp. 42-44. ISSN 1409-8784
Preview |
Text
ТЕКСТ ДИМОВА ЦЕНА фармацевстки информатор.pdf Download (161kB) | Preview |
Abstract
Патогенезата на тромбозата е многукомпонентен комплекс од локални и системски реакции, во чија основа се наоѓа создавањето на тромб во крвните садови, најчесто како последица на взаемното дејствување на неколку системи: васкуларните, клеточните и хормонските фактори во крвта.
Создавањето на тромб во физиолошки услови претставува нормален и корисен механизам на реакција при настаната повреда на крвниот сад. Патолошкиот тромб може да се дефинира како појава при која циркулирачката крв ја загубила нормалната, физиолошката рамнотежа меѓу механизмите коишто ја регулираат хемостаза во срцево-садовниот систем.
Тромбозата е процес којшто го предизвикуваат тромбоцитите и плазматските протеини. Овој процес е модулиран од циркулирачки антикоагулантни протеини и од системот на фибринолиза кои се во постојана рамнотежа (Biggs).
Тромбозата претставува мултифакторијално заболување и се случува кога ќе биде нарушена рамнотежата меѓу прокоагулантните фактори и одбранбените механизми. Клиничките манифестации се различни, зависат од локализацијата на тромбот, а се должат на васкуларната опструкција и емболизација.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 13 Dec 2012 08:51 |
Last Modified: | 30 Sep 2013 10:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3541 |
Actions (login required)
View Item |