Slamkov, Gjorgi (2022) Практична имплементација на правните решенија за конфискација и ефектите на владеењето на правото. IDEA International Journal of Science and Arts, 6 (12). pp. 39-48. ISSN 2545-4552 2545-4560
Text
Практична имплементација на правните решенија за конфискација и ефектите во владеењето на правото.pdf Download (463kB) |
|
Text
Sodrzina.pdf Download (287kB) |
Abstract
Во рамките на трудот се обработуваат нормативните решенија за конфискација на имот и
имотна корист содржани во македонското казнено законодавство, нивната практична имплементација,
како и ефектот во практиката.
Доколку имотната корист е стимулот за извршување на кривичното дело, тогаш конфискацијата
од страна на државата е неговата спротивност. Комбинацијата на казна со мерка конфискација е силна
структура преку која се постигнуваат повеќе ефекти.
Правилната примена на конфискацијата има силно влијание врз превенцијата, како генерална
така и специјална. Така, доколку мерката има успешна практична примена тогаш резултатите во
справувањето со криминалот ќе бидат поголеми, а со тоа владеењето на правото ќе биде на повисоко
ниво.
Во рамките на трудот авторот дава посебен осврт на одредбите за конфискација на имот и
имотна корист како и на предизвиците за подобрување на оваа материја, поаѓајќи од фактот дека во
глобални рамки се става голем акцент на враќање на незаконски стекнатиот имот на државата.
Имено, авторот нагласува дека враќањето на имотот е предуслов за воспоставување на правдата
и правната држава.
Во трудот авторот се осврнува и на меѓународните искуства и иницијативи во оваа област кои се
неопходен инструмент за соработка. Размената на знаења и искуства, како и градењето на
институционални решенија од поширок карактер се фактори кои влијаат на усогласувањето на
домашната рамка со глобалните напори за спречување на незаконското богатење.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Gorgi Slamkov |
Date Deposited: | 02 Jan 2025 08:30 |
Last Modified: | 02 Jan 2025 08:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35332 |
Actions (login required)
View Item |