Од предисториски ритуал до културен туризам

Dimitrov, Nikola and Dimitrova, Angela (2024) Од предисториски ритуал до културен туризам. Годишен зборник на Факултет за туризам и бизнис логистика, 4 (1). pp. 27-35. ISSN 2671-3969 (Unpublished)

[thumbnail of Димитров, В.Никола & Димитрова, Ангела, Од предисториски ритуал до културен туризам.pdf] Text
Димитров, В.Никола & Димитрова, Ангела, Од предисториски ритуал до културен туризам.pdf

Download (544kB)

Abstract

Првите ритуали на човекот во предисторијата се прапочеток на театар на отворено. Ритуалите, обредите, церемониите, танците се први форми од кои произлегува театарот како културна вредност и главна алка на културниот туризам.
Целта на трудот е преку анализа да се согледа интеграцијата „од предисториски ритуал до театар“, како прво ниво на развој на театарот. Второ ниво на развој и поврзаност е интеграцијата „од театар до театар за туристи“. И на крајот, како трето ниво на развојот и интеграција на театарот е „од театар за туристи до културен туризам“.
Всушност третото најсложено ново на поврзаност го сочинува културниот туризам, во кој се вклучени сите видови културни сфери (драма, музика, ликовна уметност, спорт, филм, литература, архитектура, дизајн, креативни индустрии, фолклор, традиција, библиотечна и музејска дејност, археологија и др.) од кои произлегуваат и повеќе алтернативни видови туризам (т.н. уметнички туризам, креативен туризам, археолошки, музејски и сл.).
Театарот, туризмот и културата имаат многу сличности како во појавата, развојот, промоцијата, маркетингот, менаџментот итн. Трите работи се успешни бидејќи работаат во живо, преку директна посета, со промоција, со конкретно сценарио, агенда, програма и тоа за определен временски период, во отворен или затворен простор со определен престој, со добро осмислен маркетинг и сл.
Генерално, директната вклученост и поврзаност на културата со туризмот е пресликана во културниот туризам како селективен вид туризам.
Во оваа кратка статија зборуваме само за театарот како една од најстарите уметничка форма која значително партиципира во културниот туризам. За оформување на друдот користиме литература и лична емпирија - искуство од кои ја извлекуваме суштината на трудот.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 26 Dec 2024 08:02
Last Modified: 26 Dec 2024 08:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35329

Actions (login required)

View Item View Item