Jordanova, Elena and Necev, Vasil and Suncica, Nikolovska and Mihailovska, Ana and Zendelska, Afrodita (2024) Определување на концентрацијата на ПМ2.5 во неколку општини во Република Северна Македонија. In: V студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 13 Nov 2024, Stip.
Text
kniga_na_apstrakti_2024 - converted.pdf Download (384kB) |
Abstract
Загадувањето на амбиентниот воздух сѐ уште е еден од главните ризици за здравјето на луѓето. Според објавените проценки, аерозагадувањето довело до 4.2 милиони прерани смртни случаи ширум светот, од кои 0.5 милиони се во ЕУ. Иако прописите вклучуваат поголем број загадувачки материи, кои се предмет на строга контрола, процената за квалитет на воздухот за заштита на здравјето на луѓето најчесто се базира на 5 главни загадувачки материи: азотни оксиди (NOx), јаглерод моноксид (CO), суспендирани честички со еквивалентен аеродинамички дијаметар помал од 2.5 μm (РМ2.5) и 10 μm (РM10), сулфурни оксиди (SOx) и тропосферски озон (O3).
Споредено со другите загадувачки материи, суспендираните честички (РМ 2.5) предизвикуваат најголема загриженост, поради нивната поврзаност со респираторните и кардиоваскуларните болести и зголемениот морталитет. Со цел добивање на информации за загаденоста на воздухот сo суспендирани честички помали од 2.5 μm, направено е испитување во пет општини во Македонија и тоа: Кавадарци, Струмица, Струга, Гостивар и Куманово.
Покрај методата која беше користена за одредување на РМ2.5 масена концентрација на суспендираните цврсти честички во амбиентниот воздух, во овој труд се прикажани и уредите што се користат за ова намена, како и добиените резултати од мерењата кои беа вршени во период од една година.
Годишната средна вредност на РМ2.5 во општините е 62,2, 42,7, 38,5, 30 и 29,1 μg/m3 во Кавадарци, Струмица, Куманово, Струга и Гостивар, соодветно. Кај Кавадарци, Струмица и Куманово во текот на грејната сезона, концентрациите на РМ2.5 значително се повисоки во однос на топлите месеци. Во Гостивар има само мало надминување, додека во Струга концентрацијата на РМ2.5 е повисока во летниот период.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Environmental engineering |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Afrodita Zendelska |
Date Deposited: | 25 Dec 2024 12:00 |
Last Modified: | 25 Dec 2024 12:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35317 |
Actions (login required)
View Item |