Golceva, Ana and Ilieva, Verica and Mihajlov, Ljupco and Markova Ruzdik, Natalija (2024) Влијанието на сортата и времето на чување на оризовата арпаврз радманот на бел ориз. In: V Студентска конференција "Критични прашања во земјоделството и животната средина", 13 Nov 2024, Faculty of Agriculture, Goce Delcev University.
Text
Golceva et al. (2024) - Vlijanieto na sortata i vremeto na cuvanje na orizovata arpa vrz randmanot na bel oriz.pdf Download (446kB) |
|
Text
Kniga na apstrakti, 2024 g..pdf Download (1MB) |
|
Text
Programa za V studentska konferencija.pdf Download (235kB) |
Abstract
Оризот е една од најзначајните поледелски култури во светот бидејќи обезбедува основна храна на околу две третини од светското население. Покрај приносот на суровиот ориз (арпа) кој се добива при жетва на оризовото растение, многу значаен параметар од кој зависи економската вредност на оризот е рандманот или приносот на бел ориз. Истиот директно зависи од сортата, од агротехничките услови, условите на надворешната средина и постжетвениот третман на арпата.
Цел на ова истражување беше да се испита рандманот на бел ориз во зависност од сортата и времето на чување на оризовата арпа после жетвата. Испитувањата беа направени кај пет сорти ориз (Сан Андреа, Прима Риска, Ванг, Мерич и Виалоне Нано). Од сите сорти е користена оризова арпа произведена во 2022 и 2023 година, и чувана една и две години по жетвата. Највисок просечен рандман на бел ориз (цели зрна) е добиен од сортата Прима Риска (64,40%), а најнизок од сортата Виалоне Нано (43,35%).
Сортите Сан Андреа, Прима Риска и Виалоне Нано постигнаа повисок рандман на цели зрна при подолго чувањето на арпата, а сортите Ванг и Мерич при пократко чување на арпата. Заедно со анализата и на податоците за содржината на влага во арпата за време на жетвата резултатите покажуваа дека рандманот на цели зрна кај сортите Сан Андреа, Мерич и Виалоне Нано е повисок при повисока содржина на влага во арпата за време на жетвата, а кај сортите Прима Риска и Ванг при пониска влага во арпата за време на жетвата. Според тоа, рандманот на цели зрна претставува сортна карактеристика на која имаат влијание повеќе фактори меѓу кои и периодот на чување на арпата после жетвата и содржината на влагата во арпата при жетвата.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Natalija Markova Ruzdik |
Date Deposited: | 24 Dec 2024 09:49 |
Last Modified: | 24 Dec 2024 09:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35307 |
Actions (login required)
View Item |