Рефрактивни грешки кај децата од училишна возраст

Tatesi, Ermira and Tatesi, Bekim and Dimitrova Radojicic, Daniela (2024) Рефрактивни грешки кај децата од училишна возраст. Medical Journal Medicus, 29 (1). pp. 76-80. ISSN 1409-6366

[thumbnail of РЕФРАКТИВНИ ГРЕШКИ КАЈ ДЕЦАТА ОД УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ.pdf] Text
РЕФРАКТИВНИ ГРЕШКИ КАЈ ДЕЦАТА ОД УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ.pdf - Published Version
Available under License Creative Commons Public Domain Dedication.

Download (429kB)

Abstract

На глобално ниво, се проценува дека има 36 милиони луѓе кои се слепи, 216,6 милиони со умерено до тешко
оштетување на видот и 188,5 милиони имаат мало оштетување на видот. Една од најчестите причини за
оштетување на видот е некорегираната рефрактивна грешка. Истражувањата покажуваат дека приближно
2,3 милијарди луѓе во светот имаат рефрактивно оштетување, но само 1,8 милијарди луѓе имаат пристап до
офталмолошки преглед и ефективен третман.
Со цел да се анализира застапеноста на рефрактивните грешки кај децата на училишна возраст, во ова
истражување беа формулирани следните истражувачки прашања: Каква е застапеноста на рефрактивните
грешки, кои рефрактивни грешки се најзастапени и дали постои семејна историја кај децата со рефрактивни
грешки?
Рефрактивната грешка е важна причина за оштетување на видот и слепило ширум светот што може да се спречи.
Во моментов, преваленцијата на миопија го привлекува светско внимание бидејќи многу студии известуваат
за драматично зголемување во последните 20 години. Раното откривање и лекување на рефрактивните грешки
е важно за да се спречи трајно оштетување на видот кај децата. Дијагнозата и третманот на овие грешки е
релативно едноставна и е еден од најлесните начини за намалување на оштетениот вид.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bekim Tatesi
Date Deposited: 23 Dec 2024 12:40
Last Modified: 23 Dec 2024 12:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35303

Actions (login required)

View Item View Item