Полемичките тонови во „Горски венец“ од Петар Петровиќ Његош

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2024) Полемичките тонови во „Горски венец“ од Петар Петровиќ Његош. Сборник с доклади от Международна конференция Петнадесети славистични четения София, 16–18 юни 2022 г. Том втори Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, 2. ISSN ISBN: 978-619-7433-86-9

[thumbnail of Lusi trud Zbornik Slavisticni cetenija 2024.pdf] Text
Lusi trud Zbornik Slavisticni cetenija 2024.pdf

Download (1MB)

Abstract

Оваа статија прави осврт на полемичките тонови во едно од класичните четива на јужнословенската литература „Горски венец“ на Петар Петровиќ Његош.
Основната тема на поемата – потрагата по потурчените Црногорци, отвора простор за иницијација, а потоа и своевидна експанзија на полемики (=конфронтации), кои може да се набљудуваат на неколку нивоа: почнувајќи од вербалниот судир меѓу црногорските и турските великодостојници, кој во епскиот дискурс на Његош добива пословична орнаментика, потоа судирот меѓу крстот и месечината, на едно симболичко ниво, па сѐ до судирот меѓу тиранијата и вечната човечка потреба за слобода, на метафорично ниво.
Нашата цел е да се претстават одделните полемички нивоа, кои почнуваат на лично и национално рамниште, продолжуваат на ниво на конфесионална определеба и добиваат универзални размери преку вечната човекова борба против тиранијата, а за слободата.
Клучни зборови: полемика, конфронтација, полемичко ниво, крст, месечина, тиранија, слобода.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 18 Dec 2024 09:42
Last Modified: 18 Dec 2024 09:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35270

Actions (login required)

View Item View Item