Детството како извор на книжевна граѓа во делото на Бајрузин Хајро Плањац

Vitanova-Ringaceva, Ana (2024) Детството како извор на книжевна граѓа во делото на Бајрузин Хајро Плањац. Институт за дечју књижевност. pp. 247-258. ISSN 2812-765X

[thumbnail of Детството како извор на книжевна граѓа.pdf] Text
Детството како извор на книжевна граѓа.pdf

Download (805kB)

Abstract

Бајрузин Хајро Плањац, најтиражниот современ босански писател за деца, својата писателска индивидуалност ја постигнува со пишување дела во коишто се чувствува некаков носталгичен, лирски, меланхолично-таговен призвук. Кога говориме за романите, неговата писателска преокупација гравитира околу ликот на детето кое чекори по патот на созревањето. Фокусирајќи се на периодот на растењето и созревањето, авторот создава ликови – прототипови на деца во периодот на премин од дете кон адолесцент. Во фокусот на нашиот труд е романот „Тајните на дедовата воденица” (Скопје, 2002. Превод Наум Попески). Романот ја опфаќа темата за растењето и созревањето на младото момче коешто ги минува годините на сопствената иницијација, менувајќи го животниот простор. Јунакот во романот ги преживува трауматичните мигови на одделување од средината со која е силно сраснат, а тоа е селото и течението на реката Усора, за да го продолжи животот меѓу бетонските ѕидини на градот. Низ романот се провлекува една силна нишка на автобиографичност, којашто авторот ја вградува во нарацијата, со тоа давајќи му на делото носталгичен призвук. Иако современата книжевност за деца се приклонува кон теми поврзани со растењето на децата на новото време, сепак, традиционалните мотиви сѐ уште се неодминлива станица за авторите.
Клучни зборови: Бајрузин Хајро Плањац, „Тајните на дедовата воденица”, роман на созревањето, книжевност за деца и млади.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 16 Dec 2024 13:22
Last Modified: 16 Dec 2024 13:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35259

Actions (login required)

View Item View Item