Примената на денталните ласери во подобрувањето на третманот со мобилни протетски изработки

Petrovski, Mihajlo (2024) Примената на денталните ласери во подобрувањето на третманот со мобилни протетски изработки. In: Практични и современи решенија за секојдневна стоматолошка практика, 23 Nov 2024, Skopje.

[thumbnail of noemvri 2024 Doc. Petrovski.pdf] Text
noemvri 2024 Doc. Petrovski.pdf

Download (4MB)
[thumbnail of slika za simp.pdf] Text
slika za simp.pdf

Download (394kB)

Abstract

Со напредокот на денталната имплантологија како најсупериорна алтернатива на мобилните протетски надоместоци, планирањето на третман кај парцијално или тотални беззабни вилици со помош на мобилни протетски помагала полека ја губи важноста во денталната медицина. Сепак, мобилните протетски надоместоци може да биде единствениот начин на третман достапен за многу пациенти поради финансиската состојба или основните медицински услови. Ласерите може да се користат како дополнителна помош во мобилната протетска рехабилитација поради многубројните различни процедури кои може да се изведат со нив од кои најважни се следните: (1) третман на протезно - индуцирана хиперплазија (Epulis Fissuratum); (2) корекција на длабочината на вестибулумот (вестибулопластика); (3) хируршка редукција на израстоците на меките ткива и на коскените егзостози; (4) третман на други патолошки состојби под горната протеза. Главните предности од користењето на ласерите при планирање на терапијата во однос на мобилното протезирање се во суштина истите како при користењето на ласерот во преостанатите стоматолошки дисциплини. Главните предности за користењето на ласерот при изведување на протетските интервенции се: (1) намалување на вкупното времетраење за третман поради редукцијата на механичката траума и едем; (2) намалување на бактериската контаминација на местото на хирушкиот зафат; (3) намалено присуство на едем, лузни и контракција на раната и (4) адекватна хемостаза која доведува до врвна визуелизација на хирушката површина. Во презентацијата ќе бидат апострфирани предностите и недостатоците на ласерскиот третман во однос на конвенционалната терапија, индикациите и контраиндикациите за изведувањето на интервенции со помош на ласерската светлина со цел подобрување на терапијата со мобилните протетски изработки.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mihajlo Petrovski
Date Deposited: 13 Dec 2024 09:42
Last Modified: 13 Dec 2024 09:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35232

Actions (login required)

View Item View Item