Trajkovska, Radojka and Nikolov, Sasko and Baldzieva, Sanja and Jovevska, Svetlana and Baldzieva, Anica (2018) Pushenjeto cigari-rizik faktor za Koronarna Arteriska Bolest, pred i posle koronarno stentiranje. In: Regionalna strucno-naucna konferencija: Socijalni determinanti i zdravjeto na naselenieto, Oct 2018, Faculty of Medical Sciences, University Goce Delcev Stip.
Text
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ, УГД-ФМН, ШТИП 2018 (1).pdf Download (1MB) |
Abstract
Срцето е орган кој се крвоснабдува преку коронарни артерии. Секое заболување на
коронарните артерии води до намален проток на кислород и хранливи материи до
одреден дел од срцето. Тоа предизвикува исхемија или некроза, за срцевите клетки кои
се наоѓаат во пределот кој се крвоснабдува од болната коронарна артерија.
Коронарна артериска болест опфаќа стабилна aнгина пекторис и акутен коронарен
синдром (нестабилна ангина пекторис и миокарден инфаркт). Примарна причина за
коронарна артериска болест е атеросклерза.
Атеросклероза е болест при која луменот на артеријата се стеснува, поради
формирање на плакa врз оштетен ендотел од артеријата. Плаката е составена од масти,
холестерол, калциум и другии супстанции, меѓу кои спаѓаат и оние кои ги има во цигарите.
При раскинување на плаката, овие тромбогеи материи предизвикуваат формирање на
тромб со комплетна оклузија (миокарден инфаркт).
Во ризик фактори спаѓаат абнормални вредности на холестерол, висок крвен
притисок, дијабет , пушење цигари, дебелина и фамилијарна историја.
Стапката на вискок морталитет при акутен коронарен синдром е значително
намалена, благодарение на навремена перкутана коронарна интервенција со
стентирање. Ризик факторите продолжуваат да постојат и по успешно превземена
интервенција.
Во овој приказ на случај сакаме да покажеме како пушењето цигари продолжува да
биде најголем кардиоваскуларен непријател, пред и по перкутана коронарна
интервенција со поставување на коронарен стент.
За таа цел одбравме пациент, долгогодишен пушач. Со акутен коронарен синдром и
навремено извршена перкутана коронарна интервенција со стентирање.
Пациентот го следевме во тек на 3 години. Во кои здравствената состојба наместо
да се подобри, значително се влоши, како резултат на продолжување со пушење на
цигари и тоа во уште поголем брoj. Клучни зборови- срце, коронарна артериска болест,
атеросклероза, пушење цигари.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sanja Baldzieva |
Date Deposited: | 04 Dec 2024 09:24 |
Last Modified: | 04 Dec 2024 09:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35105 |
Actions (login required)
View Item |