Socio-ekonomskite faktori i dijabetot vo bremenost

Baldzieva, Sanja and Trajkovska, Radojka and Jovevska, Svetlana and Baldzieva, Anica (2018) Socio-ekonomskite faktori i dijabetot vo bremenost. In: Regionalna strucno-naucna konferencija:Socijalni determinanti i zdravjeto na naselenieto, Oct 2018, Faculty of Medical Sciences, University Goce Delcev Stip.

[thumbnail of ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ, УГД-ФМН, ШТИП 2018 -дијабетес.pdf] Text
ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ, УГД-ФМН, ШТИП 2018 -дијабетес.pdf

Download (863kB)

Abstract

Гестациски дијабетес мелитус (ГДМ) се дефинира како јаглехидратна
интолеранција со различен степен на изразеност што се појавува или се препознава за
прв пат во бременоста.
Целта на трудот е да се иследи ефектот на социо-економските фактори врз
појавата на дијабет во бременост во земја на развој, споредено со преваленца на
глобално ниво.
Во светски рамки, едно од шест раѓања е засегнато од ГДМ. 21.3 милиони или
16.2% од живородени бебиња има некоја форма на хипергликемија во крв во бременост.
Од нив 85.1% се резултат на ГДМ. Ризикот се зголемува со возраста на жената (повеќе
од 30 години), нискиот социјален статус и неинформираност, неконтролирано добивање
на телесна тежина, непрепознавање и непријавување на симптомите од страна на
бремените жени на своите лекари. Задолжителен скрининг за ГДМ од 24 до 28 недела од
бременоста за жени над 25 години и од 14-18 недела од бременостите со висок ризик за
ГДМ и национална стратегија која ќе ги опфати сите жени во репродуктивен период се
само еден чекор напред.
Механизмите на настанување на ГДМ кои се под директно влијание на факторите
на животната средина, вклучувајќи ја и исхраната, играат клучна улога. Недостапноста на
медицинска нега за сите социјални групи и отсуство на скриниг за ГДМ го зголемува
лошиот мајчин, перинатален и исход по плодот. Достапноста на третманот на ГДМ за сите
социјални групи кој ќе овозможи да се одржи нормално ниво на гликемија во крвта со
редовна, избалансирана и добро испланирана диета, редовно вежбање и зголемен внес
на течности видно ќе ги намали исходите од болеста врз мајка и плодот на краткорочен
и долгорочен план.
Клучни зборови: гестациски дијабетес мелитус, исхрана, гликемија

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Baldzieva
Date Deposited: 03 Dec 2024 13:23
Last Modified: 03 Dec 2024 13:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35104

Actions (login required)

View Item View Item