Шопинг туризам

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Todorovic, Emilija and Dzambazovski, Kristijan and Timovski, Riste and Cuculeski, Nikola and Micevski, Mladen (2024) Шопинг туризам. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-23-8

[thumbnail of Shopping turizam.pdf] Text
Shopping turizam.pdf

Download (566kB)

Abstract

Книгата „Шопинг туризам“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со шопинг туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на современите трендови и тенденции во шопинг туризмот. Материјалот во книгата е поделен во три основни поглавја.
Првиот дел е посветен на развојот на туризмот и патувањата, а опфатен е материјал кој се однесува на дефинирање и развој на туристичките патувања, трендови и тенденции во туристичката индустрија и алтернативните форми на туризам.
Во вториот дел се обработува материјата поврзана со спецификите на шопинг туризмот, постанок на шопинг туризмот, дефинирање на поимите шопинг туризам и туристички шопинг, главни карактеристики и обележја на шопинг туризмот и побарувачка на шопинг туризам. Исто така, опфатена е понудата на шопинг туризам како што се трговски центри, трговски улици, фри-шопови, шопинг во објекти на транспортна инфраструктура, сувенири, позначајни брендови, аутлети и тематски паркови и центри.
Во третиот дел од книгата се обрнува внимание на материјалот кој ги третира можностите и потенцијалите за развој на шопинг туризам во Република Северна Македонија, како статистика поврзана со шопинг туризмот во земјата, законска регулатива и стратешки документи, понуда на шопинг туризам, отворени трговски центри, затворени трговски центри (молови), ритејл паркови, чаршии, пазари и супермаркети.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со шопинг туризмот. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавање на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедување на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 02 Dec 2024 10:05
Last Modified: 02 Dec 2024 10:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35100

Actions (login required)

View Item View Item