Културен туризам: Аспекти на Европските престолнини на културата

Todorovic, Emilija and Filiposki, Oliver and Metodijeski, Dejan (2024) Културен туризам: Аспекти на Европските престолнини на културата. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-22-1

[thumbnail of Kulturen turizam.pdf] Text
Kulturen turizam.pdf

Download (571kB)

Abstract

Книгата „Културен туризам: Аспекти на Европските престолнини на културата“ е инспирирана од изборот на градот Скопје за Европска престолнина на културата за 2028 година. Наменета за сите кои работат во секторот култура, секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Книгата е изготвена со цел да им помогне на сите субјекти кои директно или индиректно ќе бидат поврзани со програмата на Европска престолнина на културата и да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на современите трендови и тенденции во културниот туризам. Материјалот во книгата е поделен во три основни поглавја.
Првиот дел е посветен на особеностите на културниот туризам, а опфатен е материјал кој се однесува на поврзаноста на туризмот и културата, дефинирање и развој на културниот туризам, неговите основни елементи и специфичности, учесници во културните туристички движења и видовите културен туризам.
Во вториот дел се обработува содржини поврзани со трендови во туризмот, перспективи за развој на културниот туризам, влијание на културниот туризам за развој на дестинацијата, трансформација и модификација на културното наследство за потребите на туризмот, туристичка валоризација и промоција на културното наследство, принципи на заштита и одржлив развој на културното наследство, како и планирање, развој и имплементација на стратегија за развој на културниот туризам.
Во третиот дел од книгата опфатени се различните аспекти на Европските престолнини на културата (European Capital of Culture - EСОС), преку содржини поврзани со историјат на програмата „Европска престолнина на културата“, цели и мотивација, поднесување номинации, програма на ЕСОС, финансирање и организација на настанот, промоција и медиуми, перспективи од програмата на ЕСОС, долгорочни ефекти од ЕСОС, клучни точки на успех според искуствата на Европските престолнини на културата и Компендиум на препораки од екс-пост евалуации на европските престолнини на културата 2007-2019.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со темата. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при издавање на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедување на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 02 Dec 2024 10:04
Last Modified: 02 Dec 2024 10:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35099

Actions (login required)

View Item View Item