Функционална дијагноза на локомоторен апарат

Krstev, Toshe (2023) Функционална дијагноза на локомоторен апарат. Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Stip. ISBN 978-608-277-031-4

[thumbnail of ФДЛМА - Учебник.pdf] Text
ФДЛМА - Учебник.pdf

Download (495kB)

Abstract

Овој учебник е направен со цел да ја задоволи потребата од брза и точна
функционална дијагностика во секојдневната пракса на физиотерапевтите, а со тоа да
се подобри квалитетот на терапијата и да се намали времето на рехабилитација.
Во пракса, примарната област на интерес на физиотерапевтите се зглобовите
на екстремитетите и 'рбетот и тоа колку добро тие функционираат. Затоа и главен дел
од прегледите се фокусирани на засегнатиот зглоб од кој се жали пациентот, но
прегледот многу често треба да се прошири и да ги вклучи и нервите и мускулите кои
се одговорни за движењето. Во некои случаи ќе треба да се проверат и другите зглобови
на пациентот за да се види дали и тие се засегнати на некаков начин.
При правењето на преглед потребно е да се следи дијагностичката низа, односно
низа на дијагностички постапки. На почетокот е потребно да се направи анамнеза и да
се има целосната историја на болеста како и извештаите од досегашните испитувања.
Испитувањето на самиот зглоб понатаму може да се подели на шест различни
чекори:
1. Инспекција
2. Палпација
3. Испитување на движењата
4. Спроведување на посебни тестови
5. Радиографски испитувања
6. Дополнителни испитувања и тестови
Не е неопходно секогаш строго придржување до овој ред, или да се прават сите
овие процедури.

Item Type: Book
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tose Krstev
Date Deposited: 26 Nov 2024 11:01
Last Modified: 26 Nov 2024 11:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35066

Actions (login required)

View Item View Item