Koteski, Cane (2024) Геогравско потекло на храна и пијалаци. Универзитет Гоце Делчев, Штип. ISBN 978-608-277-087-1
Text
Учебник по Географско потекло на храна и пијалаци (1).pdf Download (1MB) |
Abstract
Географското потекло на храната и пијалаците е една од водечките научни области во хотелско-ресторанскиот менаџмент, туризмот, угостителството и воопшто во туристичката индустрија. Со учебникот за ГЕОГРАФСКО ПОТЕКЛО НА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ се прави обид, на студентите на Факултетите за туризам од студиската програма по Хотелско-ресторански менаџмент (ХРМ) како задолжителен предмет во втор семестар прва година, да им се презентираат главните методолошко-географски прашања по хотелско-ресторанскиот менаџмент, туризмот и угостителството. Исто така, учебникот е наменет и за поширока употреба, односно за лицата кои сакаат да добијат повеќе сознанија за хотелско-ресторанскиот менаџмент, туризмот и угостителството.
Учебникот е изработен во две глави и дваесет и три теми.
Во првите дванаесет теми обработени се насловите за потеклото на храна по региони во светот за: Америка (Северна Америка), Мексико и Централна Америка (Мезоамерика), Јужна Америка, Европа, Медитеран, Азија, Среден Исток или Западна Азија, Индискиот Потконтинент, Северна Азија, Индонезија и Нова Гвинеја, Африка и Австралија.
Во втората глава обработени се насловите од тринаесеттата до дваесет и третата тема за потеклото на пијалаците по региони во светот за: Северна Америка, Латинска Америка, Европа, Африка, Јужна Африка, Источна Азија, Југоисточна Азија, Океанија, Јужна Азија, Централна Азија и Западна Азија.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Social and economic geography |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Cane Koteski |
Date Deposited: | 26 Nov 2024 10:46 |
Last Modified: | 26 Nov 2024 10:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35061 |
Actions (login required)
View Item |