Mirascieva, Snezana and Josimovska, Verica (2024) Играта како поттик за развој на предучилишното дете. Годишен зборник, 13. pp. 25-30. ISSN 1409-9187
Text
текст.pdf Download (457kB) |
|
Text
naslovna zbornik.pdf Download (438kB) |
Abstract
Современите тенденции во предучилишното воспитание и образование се во функција на осовременување на организациската и содржинска поставеност на воспитно-образовната работата на детската градинка. Всушност тие ги следат движењата во современото општество во насока на доживотно образование и перманентно учење, што е и една од препораките на Унеско. Во тој процес особено е важна играта и улогата на воспитувачот. Улогата на воспитувачот подразбира знаење, вештини и искуство за водач на степен кој соодветствува со возраста на децата во групата во која играта се применува. За ова е потребен креативен и релаксиран воспитувач, кој не смее да биде „маска за незнаење“, туку да биде „одраз“ на солидно подготвено стручно лице и познавач на детската личност и индивидуите кои се членови на одделна воспитна група. Во таа смисла, својата улога воспитувачот најдобро ја остварува преку играта. Имено, играта има целнонасочен карактер бидејќи се темели на високо емоционална, сознајна и социјална основа и создава услови за интензивен развој на детето. Во трудот ќе се направи обид да се потенцираат вредностите на играта како поттик за развој на децата од предучилишна возраст, од аспект на задоволување на потребата за творење, дружење како и развивање на кооперативност и компетитивност.
Клучни зборови: игра, предучилишно дете, развој, историски димензии на играта.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Verica Josimovska |
Date Deposited: | 21 Nov 2024 08:03 |
Last Modified: | 21 Nov 2024 08:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35056 |
Actions (login required)
View Item |