Вештачка интелигенција и ChatGPT – предизвици во наставата по германски како странски јазик

Ivanovska, Biljana (2024) Вештачка интелигенција и ChatGPT – предизвици во наставата по германски како странски јазик. Годишен зборник на Филолошки факултет, 15 (23). pp. 9-19.

[thumbnail of 6952-Article Text-12364-1-10-20241106.pdf] Text
6952-Article Text-12364-1-10-20241106.pdf

Download (4MB)

Abstract

Вештачката интелигенција (artificial intelligence-AI/künstliche
Intelligenz-KI) влијае на нашиот живот, во секојдневието, од повеќе и од различни
аспекти. Се наоѓаме во време кога разговараме преку компјутер со дигитални
асистенти, слушаме музика базирана на алгоритми кои ги анализираат нашите навики,
активности на интернет или на социјалните мрежи, или пак, преведуваме пораки на
англиски јазик или на друг странски јазик со притискање на само едно копче. Кога
ChatGPT беше објавен на 30 ноември 2022 година во јавноста, многу луѓе зборуваа и
пишуваа за разорната сила и моќ на генеративната вештачка интелигенција. Но, како се
менува светот на учењето на странскиот јазик во светлоста на новиот технички развој?
Трудов пристапува до ова прашање од различни перспективи. Дали во прекрасниот нов
свет на преведувачки алгоритми и автоматизирано текстуално создавање е потребно
да се учат јазици, и ако да, за кои потреби? Какви се јазичните вештини кои ќе бидат
важни во иднина? Која е оптималната насока на вештачката интелигенција (ВИ) при
изучувањето на еден странски јазик? Кој ќе ги обучува наставниците за работа со ВИ и
кој ќе развива наставни материјали? И која улога ќе ја имаат наставниците во овој нов свет на истражување? Преку практични примери ја прикажуваме конкретната употреба на ChatGP во изучувањето на германскиот како странски јазик и какво потенцијално влијание можат да понудат новите современи инструменти во наставниот процес.
Клучни зборови: вештачка интелигенција; чет-бот; ChatGP; настава по германски како странски јазик

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 07 Nov 2024 11:29
Last Modified: 07 Nov 2024 11:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34966

Actions (login required)

View Item View Item