Trajculeski, Marija and Smilkov, Katarina (2024) Соработка помеѓу лекар и фармацевт при третман на пациенти со автоимуни заболувања кои користат биолошки лекови - предизвик на современата терапија. In: I Интернационален конгрес на превентивна медицина и јавно здравје, 31 Oct - 02 Nov 2024, Struga, R.N.Macedonia.
Text
Финална-програма.pdf Download (885kB) |
|
Image
poster preventivna medicina final.pdf Download (471kB) |
Abstract
Бројот на достапни терапевтски опции за третман на различни болести е во постојан пораст. Третманот на пациентите со хронични автоимуни заболувања е посебен предизвик, бидејќи кај нив, терапијата која ја користат треба да обезбеди третман на основната болест, но и подобрување на квалитетот на живот. Биолошката оригинаторна терапија, заедно со поновата група на биолошки слични лекови заземаат значајно место во тераписките режими на овие пациенти. Вклучувањето на биолошката терапија во третманот на пациентите со автоимуни заболувања зависи најнапред од нивната достапност, но и од проценката за третман направена од лекарите-специјалисти.
Цел на овој труд е да се процени знаењето и перцепциите на лекарите и фармацевтите во однос на користењето на биолошка терапија кај пациенти со автоимуни заболувања и нивната соработка при управувањето со овој вид на терапија, преку преглед на литературни податоци, од објавени оригинални научни трудови.
За реализација на целите на трудот, направен е преглед на објавени научни трудови во периодот од последните 5 години, во базите на податоци PubMed и Scopus, по клучните зборови: биолошки лекови, лекари, фармацевти, автоимуни заболувања.
Од анализираните податоци од спроведени прашалници на селектираните 23 трудa, утврдено е дека помалку од 50% од анкетираните лекари и фармацевти имаат комплетни познавања во врска со биолошка терапија. Лекарите изразуваат загриженост за промена на терапијата на ниво на фармацевт во однос на референтен лек со биолошки сличен лек. Практично во сите објавени истражувања се укажува на потреба од дополнителна едукација, како клучен предуслов за користењето на придобивките од биолошката терапија.
Соработката помеѓу лекарите и фармацевтите, заедно со нивната дополнителна едукација се од клучно значење за добро управување со терапијата базирана на биолошки лекови, кои ќе обезбедат подобра згриженост на пациентите и подобар квалитет на живот.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katarina Smilkov |
Date Deposited: | 07 Nov 2024 08:48 |
Last Modified: | 07 Nov 2024 08:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34959 |
Actions (login required)
View Item |