Клиничка евалвација на различни блок техники на долниот алвеоларен нерв

Redzepi, Armend (2024) Клиничка евалвација на различни блок техники на долниот алвеоларен нерв. Doctoral thesis, Факултет за медицински нууки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип.

[thumbnail of докторски труд - д-р Арменд Реџепи.pdf] Text
докторски труд - д-р Арменд Реџепи.pdf - Published Version

Download (5MB)

Abstract

Вовед: Спроводната анестезија на долниот алвеоларен нерв (ДАН) е една од најчесто применуваните локални анестезии во денталната медицина и истата се применува скоро при сите интервенции кои се изведуваат во долната вилица: екстракции на долните бочни заби, хируршки интервенции на коскените и меки ткива и други.
Цел: Целта беше да се постигне квалитетна анестезираност на инервационото поле на nervus alveolaris inferior, nervus lingualis и nervus buccalis при изведување на стоматолошки и оралнохируршки интервенции и воедно да се изврши процена и споредба на успешноста на различни техники на блок анестезија на долниот алвеоларен нерв (ДАН).
Материјали и методи: Во истражувањето беа вклучени 90 здрави индивидуи од двата пола на возраст од 25 до 65 години поделени во три групи од по 30 испитиници, првата испитувана група (ИГ1) со директна техника, втора (ИГ2) со индиректно -директна, а трета (ИГ3) со двофазна блок анестезија на ДАН. Беа подготвени индивидуални прашалници. Следно беа земени податоци од лична анамнеза и клиничкиот преглед. Се направи анализа на дигитална панорамска РТГ снимка на заби со примена на CS imaging Patient Browser 7.0.2.0 програмата при што се определија следниве растојанија: долниот раб на foramen mandibulae (МФ) во однос на оклузалната рамнина (ОР); од предниот, задниот раб, долниот раб и од најниската точка на incisura mandibulae до МФ. Се утврдија топографски ориентациони параметри, субјективни параметри - присуство на страв од анестезија и од дентална интервенција, појава на болка во тек на анестезирање и во тек на интервенцијата, апликација на анестезија, оралнохируршката интервенција и потоа беа направени контролните прегледи.
Резултати: Просечното растојание на долниот раб на МФ во однос на ОР на левата страна изнесува од 3.4 до 4.4 mm +2.8 над оклузалната рамнина во ранг од 0 до 12.5mm. Просечното растојание на долниот раб на МФ во однос на ОР на десната страна изнесува од 2.1 до 2.8 mm +2.8 над ОР во ранг од 0 до 9.43mm. Разликите на растојанијата на долниот раб на МФ во однос на ОР е не сигнификантна за p>.05. Кај ИГ1 со аплицирана директна мандибуларна анестезија кај вкупно 30 испитаници дополнително анестезирање беше потребно кај 16 испитаници (53.3%) од случаите за n. buccalis, кај двајца испитаници (6.6%) и за двата нерва - n.alveolaris inferior и за n.buccalis додека само кај еден пациент (или 3.3%) се даде дополнителна анестезија само за n.alveolaris inferior. При ИГ2 со аплицирана индиректно - директна мандибуларна анестезија дополнително анестезирање беше извршено кај 9 испитаници (30%) за n.buccalis, по еден испитаник (3.3%) имаше потреба за дополнителна анестезија и за двата нерва - n.alveolaris inferior и за n.bucalis, и кај еден испитаник (3.3%) и за n.buccalis и за n.lingualis, а кај двајца испитаници (6.6%) за сите три нерви: n.alveolaris inferior и n.buccalis и n.lingualis. Во ИГ3 со применет двофазен метод на мандибуларна анестезија дополнително анестезирање беше извршено кај 7 испитаници (23.3%) за n.buccalis, потоа кај еден испитаник (3.3%) за двата нерва - n.alveolaris inferior и за n.buccalis, и кај три испитаници (10%) имаше потреба за дополнително анестезирање на n.alveolaris inferior. Се утврди претходното искуство од мандибуларна анестезија кој во поголем сигнификантен процент беше заснован на некое претходно искуство со мандибуларна анестезија 66.7% (Difference test, p=.0097) во ИГ1 и ИГ2 и во поголем несигнификантен процент (56.7%) воИГ3 (Difference test, p=.2993). Присуство на страв од анестезија се движеше од 33.3% до 46.7%, а страв од дентална интервенција беше забележан од 33.3% до 63.3%. Анализата не покажа сигнификантна зависност помеѓу претходното искуство со мандибуларната анестезија и стравот за анестезија кај пациентите за p>.05(Pearson Chi-square: .139812, df=1, p=.708468).
Заклучок: Се воспостави и постигна квалитетна анестезираност на инервационото поле на nervus alveolaris inferior, nervus lingualis и nervus buccalis при изведување на стоматолошките и оралнохируршките интервенции практикувајќи ги класичните методи и современите техники, според специфичен индивидуален пристап.
Клучни зборови: блок анестезија на долниот алвеоларен нерв, дентална анестезија, панорамска радиографија, болка при инјектирање, визуелна аналогна скала (VAS).

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 05 Nov 2024 09:45
Last Modified: 05 Nov 2024 09:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34948

Actions (login required)

View Item View Item