Spasova, Ana and Kochoska, Angela and Krsteva, Viktorija and Serafimov, Aleksandar (2024) Периферна артериска болест асоцирана со карцином на бел дроб - приказ на случај. In: Трет конгрес на студенти по Општа медицина, 17-18 May 2024, Stip, Macedonia.
Image
kniga-apstrakti-kongres-2024-50.pdf - Published Version Download (46kB) |
|
Text
kniga-apstrakti-kongres-2024-1-8.pdf Download (550kB) |
Abstract
Вовед: Карциномот на бел дроб и атеросклерозата имаат заеднички
фактори на ризик. Податоците во литературата говорат дека преваленцата
на малигнитет на белите дробови кај пациенти со периферна артериска
болест (ПАБ) е поголема од генералната популација, особено кај пушачи.
Цел: Преку приказ на случај да се прикаже лекување на периферна
артериска болест кај пациент со новодијагностициран карцином на белите
дробови.
Приказ на случај: Пациент на 45 години се жали на силна болка во десно
стапало и ливидна пребоеност на палецот со симптоми кои датираат околу
1 месец пред прием во болница. Претходно лекуван со антикоагулатна
терапија (амп. Енаксапарин 0.4 2х1 с.к.) без подобрување на симптомите.
Пред околу 3 месеци е дијагностициран со карцином на бел дроб
(adenocarcinoma pulmonum). Направен ултразвучен доплер на артерии на
долни екстремитети, на кој се нотира стеноза на десната заедничка илиачна
артерија. Периферна ангиографија го потврдува наодот од ултразвучниот
доплер и е поставен стент на стенозираната артерија.
Резултати: Добиена е добра циркулација со повлекување на кожните
промени, изчезната болка и подобра сензација на стапалото и целата нога.
Заклучок: ПАБ и малигнитети на белиот дроб неретко коегситираат заедно.
Пациентите со карцином на бели дробови имаат поголем ризик за развој на
периферна артериска болест.
Клучни зборови: Атеросклероза, периферна артериска болест, карцином
на бел дроб, ангиографија
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Aleksandar Serafimov |
Date Deposited: | 05 Nov 2024 10:00 |
Last Modified: | 05 Nov 2024 10:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34903 |
Actions (login required)
View Item |