Сеизмика при минирања и вибрации

Doneva, Blagica (2024) Сеизмика при минирања и вибрации. In: XV-то стручно советување од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини Подекс - Повекс '24, 18-20 Oct 2024, Struga.

[thumbnail of Trud PODEKS 3.pdf] Text
Trud PODEKS 3.pdf

Download (1MB)

Abstract

Големата примена на техниката на минирање во инжинерството произлегува од фактот дека едно минирање, заменува повеќемесечна работа на машини и на луѓе. До широка
примена на минерската техника е дојдено затоа што при минирање можат да се контролираат сеизмичките влијанија и да се сведат на минимално ниво. Денес минирањето често се изведува во непосредна близина на разни објекти, згради, фабрики, па дури и рафинерии, хидрообјекти, атомски централи.
При минирање, во првата фаза доаѓа до претворање на цврстата материја на експлозивот во силно компримирана гасовита состојба, а потоа доаѓа до ширење на гасот, при што
потенцијалната енергија се претвара во механичка работа. Оваа енергија, на местото на минирањето, ја разорува, дроби карпестата маса, односно создава трајни деформации во
карпата. Сеизмичките бранови, кој се шират со пренесувањето на деформацијата, предизвикуваат осцилирање на тлото и на објектите.
Сеизмичките бранови кој настануваат при минирањата, се слични на брановите кој настануваат при земјотресите, па во сеизмичката при минирање се користат многу закони
кој се дефинирани во сеизмологијата.
Значаен придонес во развојот на оваа техника и можноста за примена на истата во инженерската пракса дала геофизиката.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Blagica Doneva
Date Deposited: 22 Oct 2024 10:24
Last Modified: 22 Oct 2024 10:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34878

Actions (login required)

View Item View Item