Velickova, Nevenka (2024) Плунката како медиум во молекуларната лабораториска дијагностика. In: 51-ви Октомвриски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари со меѓународно учество, 03-06 Oct 2024, Охрид.
Text
Velickova_Oktomvriski sredbi_2024.pdf Download (2MB) |
|
Text
Програма Октомвриски средби 2024.pdf Download (4MB) |
Abstract
Целокупната хумана плунка претставува комплексен биолошки флуид, кој се состои од плунковен секрет, гингивална течност, дебрис,како и клетки кои не се по потекло од плунковните жлезди. Главна предност на вкупната плунка како медиум се лесните и неинвазивни методи на нејзина колекција и испитување кои истовреме нудат можност за ослободување од стрес кај самиот пациент (како при земање на крв и собирање на урина). Имајќи во предвид дека плунката содржи голем број различни протеини (воглавно продукт на плунковните жлезди, дел од нив (албумините, имуноглобулините и хормоните), потекнуваат од крвната плазма) се работи за медиум, кој е многу подостапен, едноставен и сигурен за анализа. Фактот дека плунката содржи голем број на молекуларни биомеркери нуди можност за користење и примена на ефтини и неинвазивни методи и отвара ново поглавје во делот на саливарната лабораториска дијагностика. Цел на трудот: Да ја потенцираме важност на плунката како биолошки медиум и детекцијата на одредени биомеркери во плунката во прилог на раната дијагностика на голем број на заболувања. Материјал и методи: Примена, предности и ограничувања на различни методи во делот на саливарната лабораториска дијагностика. Резултати и дискусија: Литературен преглед на резултати од најнови студии и истражувања за важноста на различни тумор биомеркери, супресорни гени, полипептидни антигени како маркери за голем број на заболувања. Заклучок: Плунката како биолошки медиум освен што претставува медиум за потврдување и присуство на одредени вируси, лекови, наркотични средства претставува идеален медиум за детектирање на одредени маркери за карцином на орална празнина, овариуми, дојка, ларинкс, кардиоваскуларни, инфективни и автоимуни заболувања, како и парадонтопатии. Присуството на токсичните метали во плунката зависи од нивната концентрација во околината и е во директна корелација со нивната концентрација во крвта и во одделни ткива и органи. Од тие причини плунката може да се користи во дијагностиката и во проценката на загаденоста на животната средина со овие токсични елементи. Саливарната лабораториска дијагностика е подрачје кое значително се развива во последните десет години, посебно со развојот на протеомиката и нанотехнологијата и употребата на методи со многу висока специфичност и сензитивност. Особено е во подем саливарната транскриптомика која вклучува методи со кои се детектира саливарната mRNK важен биомеркер во раната лабораториска дијагностика на голем број на заболувања.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 18 Oct 2024 08:22 |
Last Modified: | 18 Oct 2024 08:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34859 |
Actions (login required)
View Item |