Консумеризам: Мотор на Економски Раст или Алатка за Управување со Луѓето

Jovanov, Tamara (2024) Консумеризам: Мотор на Економски Раст или Алатка за Управување со Луѓето. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Блог на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

[thumbnail of Колумна] Text (Колумна)
objavena kolumna - konsumerizam 2024.pdf - Published Version

Download (77kB)

Abstract

Наједноставно кажано, консумеризмот претставува културолошка и економска идеологија која го поттикнува купувањето и поседувањето на производи и услуги во сè поголеми количини. Притоа, под консумеризам не се мисли само на купување од нужна потреба; туку се однесува на начин на живот каде што личната среќа и идентитетот (дефинирањето на себеси) често се поврзани со она што го поседуваме.
Оваа трансформација од идентитет базиран на вредности, кон идентитет базиран на ствари, ги прави идентитетите пофлуидни и поврзани со трендовите на пазарот, а поради тоа и полесни за управување.
Консумеризмот не е само во врска со купување и продавање добра и услуги и економски раст, туку е во врска со контрола на перцепцијата и однесувањето на луѓето/јавноста, спакувано во идејата дека среќата може да се постигне преку потрошувачка, што луѓето ги оддалечува од колективното политичко дејствување.
Консумеризмот на почеток е претставуван како модел кој го поттикнува економскиот раст, но со тек на време докажано води до прекумерна, непотребна потрошувачка, претерано индивидуализирање и осамување на луѓето, загадување на животната средина и апсолутно материјализирање на општеството.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Psychology
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 08 Oct 2024 07:12
Last Modified: 08 Oct 2024 07:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34800

Actions (login required)

View Item View Item