Од Фемицид до Убиство во Нужна Одбрана - Кулминацијата на Родово-Базираното Насилство во Р.С Македонија, со Осврт на Националното Законодавство и Пракса

Kosevaliska, Olga and Nanev, Lazar and Ivanova, Elena (2024) Од Фемицид до Убиство во Нужна Одбрана - Кулминацијата на Родово-Базираното Насилство во Р.С Македонија, со Осврт на Националното Законодавство и Пракса. Vol. 11 No. 11 (2024): Proceedings of the Eleventh International Scientific Conference "Social Changes in the Global World". pp. 195-211.

[thumbnail of Kosevaliska&Nanev&Maksimova.pdf] Text
Kosevaliska&Nanev&Maksimova.pdf
Restricted to Registered users only

Download (607kB)

Abstract

Ратификувањето на меѓународни инструменти за борба против родово-базираното насилство (како Истанбулската конвенција) и законските решенија кои не беа доволно сензитивни да одговорат на реалните тековни потреби, условија промени кои, во пракса, треба да значат значително подобро и поадекватно справување со оваа материја и, надежно, постигнување на посакуваната превенција. Измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои се случија во февруари 2023 година
значително ја подобрија законската рамка и го усогласија материјалното кривично право со споменатата Конвенција, сепак она кое е суштинско е праксата и спроведување на одредбите во живот. До споменатите промени, делата на сторителите на фемицид или негов обид, најчесто беа
квалификувани како облици на тешка телесна повреда или убиство, основен облик, што не ја доловуваше соодветно сериозноста на делото, неговата тежина и побудите на сторителот. Фемицидот, како најсериозна манифестација на родово-базираното насилство, е не само правен туку
пред се социјален проблем, кој изискува правилен законодавен одговор. Од друга страна, неретко како исход на родово-базирано насилство врз жена е убиството на агресот од страна на примарната жртва, кое и предизвикува тешкотија за адекватна квалификација во пракса и адекватно третирање.
Во трудот кој следи ќе дадеме преглед на промените кои беа направени, со цел идентификување на можни пропусти или потенцирање на позитивни аспекти на измените во оваа област. Посебно внимание ќе се посвети на важноста од имплементација на овие одредби, кои треба да ја подобрат ефикасноста на правниот систем при превенција, сузбивање и казнување. Трудот има за цел да ја подигне свеста за фемицидот и убиствата како исход на родово-базирано насилство, како сериозен општествен проблем кој бара итни и конкретни мерки, како и да поттикне законски промени во насока на подобрување и усогласување со појавата на нови облици и подоблици на родово-базираното насилство.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Elena Maksimova
Date Deposited: 04 Oct 2024 09:37
Last Modified: 04 Oct 2024 09:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34765

Actions (login required)

View Item View Item